Почина српската актерка Ружица Сокиќ

По долго и тешко боледување, во 79-та година од својот живот, почина познатата српска актерка Ружица Сокиќ.Родена во Белград, на 14 декември 1934 година. Ќерка на трговецот и косопственик на весникот „Правда“, Петар Сокиќ. Како девојче учествувала во детската радиодрамска група на радио Белград, а во 1958 година дипломирала глума на Академијата за театарска уметност во родниот град.
Во 1965 година, за својата прва улога („Жута“), е наградена со Златна арена на Филмскиот фестивал во Пула. Најголеми успеси постигнува со главните улоги во филмовите „Кад будем мртав и бео“, „Жута“, а ја гледавме и во комедијата „Тесна кожа“ и „Зона Замфирова“.
„Сречни људи“, „Љубав, навика, паника“, „Наша мала клиника“, „Грех њене маме“ се само дел од сериите кои се наоѓаат на листата на нејзината филмографија.
Таа во текот на 2010 година ја издаде книгата со мемоари „Страст за летање“.Родена во Белград, на 14 декември 1934 година. Ќерка на трговецот и косопственик на весникот „Правда“, Петар Сокиќ. Како девојче учеств

Пронајдете не на следниве мрежи: