Опозиционерите се во заблуда.
По смртоносното невреме во Скопје, опозициските платеници се обидоа и во овие тешки денови за Македонија да добијат некој политички поен.
Па според нив дури и за дождот виновни се ВМРО-ДПМНЕ. Не знаат за што да нападнат но очигледно информираноста не им е силна страна. Па така удрија по обиколницата и за тоа дека таа не била добро направена, односно според зборовите на опозиционерите целиот проект бил спорен поради атмосферските води.
Но очигледно не ја паметат информацијата дека овој проект го отвори ни помалку ни повеќе тогашниот премиер Владо Бучковски. Па тогаш за СДСМ, обиколницата беше таа што ќе го направи Скопје метропола. Изгледа сега го променија мислењето, па ги погазија своите зборови?
Можеби тие заборавиле и сега плукаат по обиколницата очигледно мислејќи дека го напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ, но Филип Петровски реши со фотографии да ги потсети по што всушност плукаат.