Груевски на терен меѓу најпогодените

Околу илјада куќи биле поплавени во Инџиково за време на саботното невреме во Скопје, а жителите денеска побараа што поскоро повторно да бидат приклучени во електроенергетскиот систем, бидејќи електричната енергија им е потребна за нормално функционирање. Побараа и чистење на фекалната вода која што ги поплавила нивните домови.Жителите на Инџиково денеска имаа средба со министрите за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски, Никола Тодоров, Митко Чавков и Владо Мисајловски, градоначалниците Коце Трајановски и Тони Трајковски, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
Заедно со нив на терен е и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој е во посета на повеќе населени места во општина Гази Баба кои настрадаа во невремето што во саботата го зафати главниот град.
Груевски ги посети Инџиково, Црешево, Смилковци, Виниче и Страчинци.
Жителите на Инџиково изразија загриженост најмногу за бебињата и за старите лица и стравуваат од појава на болести и ширење зарази поради топлото време. Побараа помош за отпушување на нивните шахти, црева за испумпување на водата, а жителите кои имаат агрегати и не можат да си дозволат, побараа бензин или нафта.
Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски им соопшти на жителите на Инџиково дека многу скоро ќе добијат помош од општината.
 
Министерот Мисајловски на средбата информираше дека многу приватни компании од Скопје и од Македонија веќе ја ставиле на располагање својата механизација, а помош за настраданите подрачја испратиле и дел од општините.
Општините, како што рече градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, испратиле екипи и опрема коишто веќе се терен и им помагаат на жителите кои настрадаа во поплавата.
Директорот за управување со кризи Шабан Салиу ги информираше жителите дека ќе стигне и дополнителна помош од Србија и Албанија.
Министерот Чавков рече дека синоќешниот дожд дополнително ја влошил состојбата во овој регион.
На средбата со Груевски, жителите побараа и асфалтирање на улиците, за што тој побара градоначалниците да обезбедат средства.
При посетата на Црешево, каде што нема многу штети во куќите, жителите побараа да се санира коритото на реката во селото.
Жителите на Смилковци истакнаа дека најпотребни се ќебиња, храна, вода, цистерна за испумпување. Црвениот крст ги информираше дека ќе им бидат доставени сите потребни работи.
 Жителите на Инџиково денеска имаа средба со министрите за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски, Никола Тодоров, Митко Чавков и

Пронајдете не на следниве мрежи: