Претседателот на терен, ги посети сите кризни места во скопско. Увид во состојбите попладнево направи претседателот на државата и врховен командант Ѓорѓе Иванов, придружуван од началникот на Генералштабот на АРМ генерал потполковник Методија Величковски, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, како и од претставници на полицијата.
Претседателот Иванов изрази сочувство и жалење за жрвите од невремето, како и за повредените. Информира дека на терен се 400 припадници на АРМ и 300 полицајци кои поделени по региони им помагаат на локалните жители.
Апелира граѓаните да помогнат и на веќе отворените пунктови да донираат вода, храна… зашто сега, како што потенцира, е момент за хуманост. Се очекува, додаде, да биде прогласен и ден на жалост, а ќе се отворат и жиро сметки каде ќе може да се донираат финансиски средства за санирање на штетите.
Увид во состојбите попладнево направи претседателот на државата и врховен командант Ѓорѓе Иванов, придружуван од началникот на Генералштабот
Пронајдете не на следниве мрежи: