Србија во шок: Наменска сметка за малата Тијана никогаш не ни постоела

Родеителите на малата 8 – годишна Тијана која почина на 15-ти јули во болницата во Хјустон, Небојша и Јелена Огњановиќ,најверојатно од 3- ти декември и официјално ќе можат да ги користат парите што граѓаните ги собраа со хуманитарната акција за помош на нивната ќерка. Станува збор за пари на три сметки и според претпоставките станува збор за околу 1,6 милиони евра, објавија српските медиуми.Небојша и неговата сопруга Јелена вчера на рочиштето дошле сами, без адвокат и му предложиле на судот дека покрај двете сметки на име на Тијана, во постапката треба да се вклучи и спорната сметка на мајката на Тијана, Јелена.
– За нас, неспорно е дека ова се пари кои ѝ припаѓаат на Тијана и затоа бараме да бидат дел од оставнината. Ние не можевме парите што останаа да ги префлиме на сметката на Тијана, затоа што се блокирани  – изјавил Небојша Огњановиќ пред судијата. Понатаму објаснил дека сметката е отворена на име на мајката, бидејќи тоа бил единствениот начин да се платат трошоците за Тијана додека престојувала во Хјустон.
Извршниот маркетниг директор на Комерцијална банка во Србија, Горан Миличевиќ ,изјавил дека банката никогаш не би ги прекршила прописите и дека тоа не е направено, дури и во случајот со сметките на малата Тијана.
-Наменските сметки не се конкретно утврдени со закон и како такви не постојат, туку станува збор за обична тековна сметка, која може или не мора да има намена.
Родителите на малата Тијана, ако имаат полномоштво, а секако го имале, можеле да прават со парите од оваа сметка што сакаат, рекол Миличевиќ, кој објаснил и дека без да разговара со својата служба, не може да одговори дали по смртта на сопственикот на ваква сметка, каков што е овој случај, дали треба да има оставинска постапка, или не.
Познатиот адвокат Ивица Вуковиќ за српски „Курир“јавил дека судот ќе го има последниот збор, но тој верува дека за наменските сметки на име на малата Тијана, ниту пак за нејзината мајка Јелена, не треба да има оставинска постапка.
– Дискутабилно е дали парите на сметката која е отворена за да им помогне на родителите во лекувањето на девојчето, може да биде предмет на оставинска постапка, бидејќи средствата не се лична сопственост на девојчето, туку пари од добротворни донации собрани за нејзиното лекување. Во моментот кога таа намена е запрена, или кога девојчето почина, банката мора да ги блокира сметките и да ги врати парите на донаторите – вели Вуковиќ и објаснува дека ниту средства на сметката на мајката не се средства на девојчето.

 
– Доколку не ги сакаат парите што се останати од лекувањето, мислам дека пред судот родителите треба да се откажат од парите – сметал адвокатот. Според него, Народната банка мора да направи сериозна контрола на овој случај, бидејќи постојат индикации дека Комерцијална банка направила сериозен економски криминал.
– Банката направила сериозен прекршок ако дозволила средствата од сметките со посебна намена да бидат префрлени на сметка на физичко лице, или на мајката. Овие средства од сметката на мајката мора да бидат вратени на наменската сметка, а самата банка треба овие средства да ги врати на донаторите – изјавил Вуковиќ.
Инаку таткото на девојчето, Небојша Огњановиќ го одбил барањето на актерот Сергеј Трифуновиќ да уплати 50.000 евра за лекување на малата Љубица Адамиќ, правдајќи се дека не може да го направи тоа бидејќи сметката е наменска.
Како што неофицијално изјавил претставник на ПР служба на Народната банка на Србија, терминот наменска сметка не постои, туку само тековни сметки. Од банката официјално пак соопштиле дека оваа институција не ги контролира сметките на физички лица, туку само го контролира платниот промет во согласност со член 39. од законот за платен промет.
Изворот на српски „Курир“ изјавил дека судот ѝ наредил на банката, пред одлуката за парите на сметките, која ќе се донесе на 3. декември, да достави извештаи за сите три сметки и тоа кога биле отворени, колку бил приливот и одливот на пари.
Од она што вчера можело да се чуе во оставинската расправа, двете сметки кои се водат на име Тијана, се блокирани по смртта на девојчето, но родителите се уште можеле да располагаат со парите кои се префрлени на сметката на мајката.
– Родителите на девојчето се уште можат да располагаат со парите на сметката на мајката Јелена, бидејќи тоа не е наменска сметка – вели изворот на српски „Курир“.Небојша и неговата сопруга Јелена вчера на рочиштето дошле сами, без адвокат и му предложиле на судот дека покрај двете сметки на име на Тијана, во

Пронајдете не на следниве мрежи: