Во непосредна близина на манастирот Св. Пантелејмон во Горно Нерези, повеќе од еден век постои црквичка посветена на светиот пророк Илија.На местото на црквата постоел крст со векови наназад, каде според кажувањата на постарите Нережани, наспроти празникот Св. Илија свештеникот крштевал вода, а жените нережанки делеле од своите домашни производи.
Традицијата продолжила и во 1887 година кога над самиот крст била подигната помала црквичка каде верниците го прославувале празникот. Како одминувало времето се јавила потреба и за помошни простори, заради тоа, селаните од Нерези потпомогнати од извесни бизнисмени во 2008 година го поставија камен-темелникот на новата црква Св. Пророк Илија.
Црквата е во завршна фаза, а нејзиното осветување е закажано за 22-ри октомври годинава. По повод празникот Св. Илија, во црквата се постави богата трпеза со манастирско гравче, каде посетителите уживаат не само во македонската музика и вкусната храна, туку и во Божјата убавина распосплана на Водно.
Мештаните посакуваат да никнат уште многу вакви убави храмови во нашата преубава земја и ги канат сите да ја посетат и да ја видат оваа црква.
Прилогот на Канал 5 телевизија, погледнете го во продолжение:
На местото на црквата постоел крст со векови наназад, каде според кажувањата на постарите Нережани, наспроти празникот Св. Илија свештеникот крштев