Наведениот препарат се користи како анти ВГФ терапија кај заболувањата на ретина, пропратена со новоформирање на крвни садови кои ја оштетуваат ретината и видната функција на окото (за спречување на нивно формирање), се појаснува во реакцијата од ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје на денешната прес-конференција на СДСМ во однос на препаратот „авастин“.Во рекацијата се посочува дека 5-ти пат во последните 5 дена ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје е присилена да демантира невистини пласирани во јавноста од страна на, како што стои, една мала политичка партија во опозиција.
– За користење на препаратот во офталмологијата постојат повеќе од 1000 референци на светско ниво. На пример, во САД се користи од 2005 година, па потоа во сите држави од ЕУ и пошироко во светот. За употреба на препаратот и влијанието за зачувување на видот постојат над илјадници и илјадници стручни офталмолошки трудови признаени и применети во офталмолошката практика признаени од многубројните стручни симпозиуми и конгреси на европско и светско ниво, се вели во реакцијата.
По големата потреба и примени барања за лекување на пациентите во Република Македонија, кои до тој момент се лекуваа исклучиво во Приватни Здравствени Установи по многу високи пазарни цени, информира во реакцијата ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје, започнавме да ја имплементираме во нашата медицинска програма на товар на ФЗОМ на РМ од 2012 година.
– Напоменуваме дека до ден денес во нашата клиника истиот се употребува по строги светски медицински протоколи и притоа немаме забележано негативна здравствена појава, ниту пак несакани последици по здравјето на нашите пациенти воопшто, стои во реакцијата од ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје по прес-конференцијата на СДСМ.Во рекацијата се посочува дека 5-ти пат во последните 5 дена ЈЗУ Клиника за очни болести Скопје е присилена да демантира невистини пласирани во јав