Во пресрет на националниот празник Илинден, дојранските плажи се претесни да ги примат сите гости. Уште викендов во голем број туристите пристигнуваа, а денеска веќе го преполнија Дојран за кого традиционално шпицот од сезоната е токму во месец август, изјавија денеска за МИА од Туристичкото биро во Дојран.– Викендите кај нас секогаш се бара место повеќе. Приватните сместувачки капацитети кои располагаат со 12.000 легла се исполнети до последното место и од тоа нема отстапување секој викенд кога Дојран како Град на културата изобилува со концерти и културни настани, изјави Бранко Попов од Туристичкото биро во Дојран.
Сепак, годинава, вели тој, поради негативната кампања со забраната за капење, која од неодамна е симната, бројот на постојаните гости кои го минуваат одморот покрај Дојранското Езеро е осетно намален, а капацитетите се пополнети од 60 до 70 отсто.
Поради таа причина, истакна Попов, годинава не се очекува да биде постигнат резултатот од претходната туристичка сезона во која беа остварени околу 200.000 ноќевања во Дојран.– Викендите кај нас секогаш се бара место повеќе. Приватните сместувачки капацитети кои располагаат со 12.000 легла се исполнети до последнот