Четиринасет годишно девојче било погодено од куршум во ногата во саботата вечерта во скопско Глумово.Како што информираат од полицијата инцидентот се случил во саботата околу 20:30 часот, додека девојчето во дворот од куќата седело со другарки.
Еден од проектилите кои биле испукани од непознат правец и непознато лице, завршил во палецот од левата нога на девојчето. Тоа веднаш било однесено во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде по укажаната лекарска помош и е пуштена на домашно лекување.
Полицијата на местото на настанот извршила увид и презема маерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.Како што информираат од полицијата инцидентот се случил во саботата околу 20:30 часот, додека девојчето во дворот од куќата седело со другарки.