Времето денес нестабилно со грмежи и пороен дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Oд пладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град.
Минималната температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а максималната од 28 до 36 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степена.Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град.

Пронајдете не на следниве мрежи: