Неповратна финансиска помош за материјали и опрема, можности за ослободување од плаќања придонеси и данок, средства за адаптација на работните места, и стручна помош во целиот процес се само дел од поволностите кои стојат на располагање на лицата со инвалидност.Централна поента на овој пакет поволности е огласот кој е во тек и преку кој со вкупен фонд од 50 милиони денари Владата, преку Агенцијата за вработување, дава финансиска поддршка на лицата со инвалидност за отворање бизниси, самовработување и отворање на нови работни места.
Истата може да ја искористат евидентираните невработени инвалидни лица кои се активни баратели на работа на кои им е потврдена работната способност врз основа на конзилијарно мислење. Лицата кои имаат телесна инвалидност, проблеми со слухот, говорот и видот, како и лицата со одредена психичка попреченост кои имаат работна способност може да аплицираат на огласот.
Од Владата апелираат на искористување на можностите и аплицирање за добивање нa средства на актуелниот оглас.
-Владата има креирано пакет на поволности коишто обезбедуваат сериозна финансиска и нефинансиска поддршка за отворање на бизниси за лицата со инвалидност и вработување на истите лица во бизнисите. Централна поента е огласот којшто е во тек и на којшто потенцијалните апликанти кои ги исполнуваат условите во зависност од нивниот бизнис план, потреби и идеи кои ги имаат, може да добијат неповратна финансиска поддршка од државата во висина од неколку стотици илјади денари, а покрај тоа државата да помогне и во регистрација на самиот субјект во Централниот регистар, а во соработка со UNDP да помогне и советодавно во водењето во самиот бизнис. Исто така значајно е и ослободувањето од плаќање придонеси во разни алтернативи кое може да го добијат лицата кои се вработени во рамките на овие деловни субјекти и круцијално дека по 9-месечно работење на ваков вид претпријатија тие може да се сретнат со можноста да добијат еднократна парична помош од државата во висина од 20 или, пак, 40 просечни плати. Затоа, апелираме да бидат искористени овие можности, да се аплицира на огласот, за што ќе се добие комплетна стручна помош во текот на целиот процес од страна на Агенцијата за вработување, вели владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Она што дава дополнителен квалитет на огласот се разните варијанти и висини на средства кои потенцијалниот апликант може да ги добие во зависност од неговиот бизнис план, идеја и потреби.
Доколку за отворање на бизнис и самовработување аплицира едно лице со инвалидитет истото ќе може да добие грант во неповратни средства во износ од 270 илјади денари.
Но постои можност покрај основниот носител на бизнисот да се предвиди и вработување на уште дополнителни две лица, за кои што од државата ќе се добијат дополнителни 92 илјади денари до вработено лице.
Така доколку покрај носителот на бизнисот е предвидено вработување на уште едно дополнително лице грантот ќе изнесува 362 илјади денари, а доколку се вработат дополнителни две лица, односно вкупно 3 вработувања грантот ќе изнесува 454 илјади денари.
Дополнителните две лица за кои може да се побара вработување може но и не мора да бидат лица со инвалидност, како што мора да биде носителот на бизнисот, и тие треба да бидат задржани во работен однос најмалку 12 месеци.
Доколку се работи за лица со инвалидитет тогаш за секое од овие лица се добива дополнителна помош од 100 илјади денари по работник за адаптација на работното место.
Хипотетички, доколку на огласот аплицира лице со инвалидитет и побара покрај своето вработување да реализира и две дополнителни вработувања на лица со инвалидитет вкупната помош која ќе ја добие од државата во оваа фаза би изнесувала 754 илјади денари.
Она што е исто така значајно и претставува дополнителна државна помош за оваа категорија на лица е можност да се користи проектот Македонија вработува 2 со кое вработеното лице со инвалидитет ќе биде ослободено од плаќање на социјални придонеси и персонален данок во одреден период. Доколку не се одбере оваа варијанта лицето со инвалидност може да одбере да биде ослободено од плаќање на социјалните придонеси согласно закон.
Државата ќе им помогне на заинтересираните лица да регистрираат правен субјект во Централен регистар. По отворањето на бизнисот и самовработувањето, државата во соработка со УНДП ќе обезбеди стручна помош, менторство и стручна поддршка во водењето на бизнисот во период од една година.
По формирањето и работата од 9 месеци на деловниот субјект воспоставен како резултат на огласот, може да се добие и еднократна државна помош во висина од 20 или пак 40 просечни месечни плати, зависно од степенот на инвалидитет на лицата кои се вработени.Централна поента на овој пакет поволности е огласот кој е во тек и преку кој со вкупен фонд од 50 милиони денари Владата, преку Агенцијата за врабо