Зајечар: Убиецот го убил детето за да не ги раскаже деталите од мачењето!

Владица Рајковиќ (28) ја силувал, претепал и  усмртил 3- годишната Анѓелина Стефановиќ во село Вратница кај Зајечар. Сослушувањето на Рајковиќ во полиција не траело долго, бидејќи набрзо  признал дека го убил детето.
Анѓелина ме сакаше
„Се познававме добро. Заедно се шетавме… јас ја убив“, рекол Владица Рајковиќ на сослушувањето. Според признанието дадено во полиција, монструмот најпрво се играл со  девојчето и  останатите деца. Потоа ја земал и  ја одвел кон запуштен дел на улицата, каде е потполн мрак и шума.
Девојчето не се противело, туку  само  прашала: Каде ме водиш?, прашала Анѓелина на што  Рајковиќ и  одговорил: „На едно место, полека, ќе видиш.
Полицијата претпоставува дека девојчето му  верувало бидејќи и  бил соседи  бидејќи  секогаш  бил добар кон  нејзе. Штом  навлегле во темницата, според досегашната истрага, ја фрлил покрај патот, ја соблекол од половина надолу и  ја силувал. Изживувањето на монструмот траело 45 минути.

 
Анѓелина била немоќна, успеала само еднаш да го изгребе Рајковиќ по вратот. Во  еден момент, Рајковиќ му  се јавил и  на татко му  на телефон. Според неговите зборови, кои  ги  запрепастиле и  најискусните полицајци, детето  цело време врескало, но  никој  не слушнал.

„Не знам зошто  ја убив. Се исплашив дека ќе раскаже некому  што  сторив. Ја удирав со  раце и  со каменот кој  ми се најде при  рака. Ја оставив станав и си  заминав“, раскажал монструмот.
Колку  убиецот се изживувал говори и  фактот што  родителите не можеле да го препознаат  лицето на   Анѓелина, туку  ја познале по  облеката.Сослушувањето на Рајковиќ во полиција не траело долго, бидејќи набрзо  признал дека го убил детето.
Анѓелина ме сакаше

Пронајдете не на следниве мрежи: