И оваа година се одржа традицоналниот планаинраски марш „Васил Чакаларов“И оваа година се одржа традицоналниот планаинраски марш “Васил Чакаларов”,кој го организара Македонското патриотско здружение “Тодор Александров” Планинарскиот марш се одржа на релација од селото Лавци до врвот Неолица.
Планинарскиот марш ВАСИЛ ЧАКАЛАРОВ се организира четврата година по ред во чест на легендарниот костурски војвода Васил Чакалров, на маршот говор одржа историчарот Ѓорги Чекутков.За време на Илинденското востание во 1903 година Чакаларов заедно со костурските војводи Иван Попов ,Пандо Кљашев и Лазар Поп Трајаков ги предводи борбите во Невеска и Клисура,каде се формира и привремена власт.Во постилинденскиот период Чакаларов останува во редовите на ВМОРО,во 1908 е голем противник на сојузот со младотурците, учесник е на Ќустендилскиот конгрес каде се приклучува на десноконзервативната струја на ВМОРО,заедно со Христо Матов и Тодор Александров. За време на втората Балканска војна Васил Чакаларов ја предводи костурската здружена чета како дел од Македонското ополчение.Тој заедно со војводата Иван Попов војуваат против грчките и српски војски.Чакаларов води херојска борба против грчката војска,на 9 јули 1913 година на местото наречено Лакаото во Чкаларов хројски загинува во борба со многубројните грчките војски.Грчките војници му ја отсекле главата на Чкаларов и како трофеј ја шетале низ костурските и лерински села извикувајќи “Го нема Чакаларов ја нема Македонија “.И оваа година се одржа традицоналниот планаинраски марш “Васил Чакаларов”,кој го организара Македонското патриотско здружение