Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешната средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд, ја информирал за предлозите на ДУИ за чистење на Избирачкиот список и за медиумите.Ахмети ја информирал и за потребата двете страни да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за предвремени избори, соопшти ДУИ.
-Соочувајќи се со ризик од различни влијанија, Ахмети побара поддршка од Америка за следење на нашиот пат кон интеграцијата во НАТО и ЕУ каде што Нуланд истакна дека тоа е наша заедничка цел, се наведува во соопштението.
Нуланд ја изразила проценката на САД за конструктивната улога на Ахмети кон постигнување решение, како и за тесната соработка со американските власти.
-Лидерот на ДУИ ја увери Нуланд дека ДУИ е најконструктивна за изнаоѓање на решение, а изрази и оптимизам за брзо постигнување на компромис од двете страни во наредните денови. Овој компромис треба да резултира со сеопфатни, веродостојни и демократски избори што е можно поскоро, соопшти ДУИ.Ахмети ја информирал и за потребата двете страни да се договорат дека се исполнети условите за избори, а потоа да се одреди датум за предвремени из