Рекламирањето на Владата не значи и корумпирање на медиумите, вели во интервју за Утрински весник, амбасадорот на САД, Џес Бејли коментирајќи ги обвинувањата околу новиот Закон за рекламирање дека со истиот би се озаконила цензурата и контролата во медиумите.Бејли истакнува дека како и во Македонија, така и во САД Владата купува рекламен простор во комерцијалните медиуми, но дека за тоа треба да постои фер и транспарентен систем.
„Прашањето на владиното рекламирање беше отворено со извештајот на Рајнхард Прибе и треба да се реши. Да бидам искрен, и нашата влада, исто така, купува комерцијален рекламен простор во медиумите и има, исто така, барања за радиодифузерите околу објавите во јавните сервиси. Така што овие две работи не мора да значат дека медиумите се корумпирани. Она што е важно и што го дискутиравме во преговорите е да постои фер и транспарентен систем и да се користат умно јавните ресурси. Тоа се критериумите што треба да ги оценуваат луѓето. Ако распределбата на рекламите е направена на транспарентен и кредибилен начин, тоа нужно не мора да значи воспоставување контрола врз медиумите“, вели амбасадорот Бејли.
Инаку, Македонската медиумска асоцијација во која членуваат петте национални телевизија Канал 5, Сител, Алфа, Алсат М и Телма најавуваат за понеделник објавување на своите забелешки во однос на Законот за рекламирање што го подготвувал Министерството за информатичко општество. Законот, според објаснувањето на ресорното министерството, треба да обезбедена правична распределба на средбата наменети за реклами помеѓу медиумите и постапка која ќе значи транспарентност, непристрасност и отстранување на било какво влијание на владиното рекламирање врз уредувачката политика на медиумите.
Од телевизиите прашуваат и зошто ЗНМ досега ги стигматизираше поради владиното рекламирање и ги обвинуваше за криминал и корупција, кога очигледно станува збор за пракса во огромен број на земји низ светот со цел информирање на јавноста.Бејли истакнува дека како и во Македонија, така и во САД Владата купува рекламен простор во комерцијалните медиуми, но дека за тоа треба да постои