Владиката на СПЦ Амфилохије ги повика владиците на Македонската Православна Црква да присуствуваат на осветувањето на храмот Св. Јован Владимир во Бар, открива Сител.Јован Владимир е светец кој има голема поврзаност со Македонија а дел од неговите мошти се чуваат во Охрид, затоа Амфилохије го повика лично дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј за да дојде со моштите на осветувањето.
– Јас ќе го замолам мојот добар Тимотеј, кој ми беше студент, за 25 септември оваа година да донесе дел од моштите на Јован Владимир на осветувањето на храмот во Бар кој го носи неговото име, вели Амфилохије.
Тој додаде дека сите останати православни цркви му ветиле дека ќе му ги однесат моштите на светецот. Останува уште МПЦ.
– Важно е во Бар да се соедини главата со телото на Св. Јован Владимир и во исто време тоа да биде поттик за сите нас да се приближиме едни со други, вели Црногорскиот Митрополит.
Владиката Амфилохије е дел од преговарачкиот тим на СПЦ во преговорите со МПЦ. Неговиот повик за заедничка прослава е прва јавно фрлена ракавица на СПЦ по ослободувањето на нивниот Архиепископ Јован од затвор.
Тој го повика и македонскиот народ да присуствува на осветувањето, затоа што како што вели, култот за Јован Владимир прв пат се родил во Охрид и Преспа, а Охрид повторно треба да ја заземе позицијата на најсвето место помеѓу православните Словени.Јован Владимир е светец кој има голема поврзаност со Македонија а дел од неговите мошти се чуваат во Охрид, затоа Амфилохије го повика лично дебарс