Спасески вечерва во Париз ќе ја потпише ревидираната Конвенција за безебдност на фудбалските натпревари и други спортски настани

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески вечерва во пресрет на четвртфиналниот натпревар од Европското првенство помеѓу Франција и Исланд, на стадионот Стад Де Франс, на официјална церемонија организирана од Советот на Европа, ќе ја потпише ревидираната Конвенција за интегриран пристап за безбедност, сигурност и услуги на фудбалските натпревари и другите спортски настани. Оваа Конвенција ќе ја замени Европската конвенција за насилство врз гледачите и недолично однесување на спортски натпревари, а особено за време на фудбалски натпревари (ЕТС 120), којашто беше подготвена во 1985 година, по трагедијата на Хејсел.
Со Конвенцијата предвидени се голем број на мерки за спречување и казнување на акти на насилство и недолично однесување, вклучувајќи забрани за присуство на стадиони, санкции/постапки во земјата каде што делото е извршено, ограничувања на сторителот на патување во странство на фудбалски натпревари.Оваа Конвенција ќе ја замени Европската конвенција за насилство врз гледачите и недолично однесување на спортски натпревари, а особено за време на

Пронајдете не на следниве мрежи: