Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска ја продолжи дводневната работна посета на Брисел, каде утринава оствари голем број средби со високи претставници на Европската унија од кои најважна е онаа во Европската комисија со комесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, според информацијата од средбата на Груевски и Хан, тие двајцата имале отворен разговор во кој според Груевски ги допреле сите теми што ја засегаат Република Македонија.
Во изјава за МИА, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека заедничка констатација на него и Хан, но и во разговорите со другите денешни соговорници како европратениците Дејвид Мекалистер, Иво Вајгл, Пол Рубиг и Анџелика Ниблер е дека на Македонија и е потребно елиминирање на надворешните и внатрешните ризици:
– Средбите одат добро. И вчера и денеска се среќаваме со многу наши пријатели, партиски поддржувачи и разни други лица што на еден или друг начин имаат одговорност во нивното работење за Македонија и за регионот каде што е Македонија. За констатација е дека на сите им одговара, како на нас во Македонија, така и на нив овде во Европската унија и кај земјите-членки, да имаме елиминирање на сите надворешни и внатрешни ризици. Надворешни во смисла на бегалската криза и проблемите што од неа може да дојдат, а внатрешни во смисла на вештачките кризи што ни се наметнуваат. Констатација е дека треба да се продолжи заеднички да се работи во тој правец, но дека е потребно и сите други страни внатре во земјата кај нас да се потрудат да помогнат во тој правец, а не само ВМРО-ДПМНЕ , истакна Груевски во изјава а МИА по средбите.
Попладнево, според планираното, Никола Груевски треба да се сретне со Жозеф Дол, претседател на најголемата европска политичка партија, Европската народна партија, како и со други виоски претставници и дипломати во Европската унија. А, како што е познато, Груевски и во текот на вчерашниот ден имаше набиена агенда на средби со политичари и дипломати во Брисел со цел, како што самиот рече, да се санираат штетите што според Груевски ги предизвикала опозициската СДСМ со создавањето на политичката криза во Република Македонија.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, според информацијата од средбата на Груевски и Хан, тие двајцата имале отворен разговор во кој според