За Специјалното јавно обвинителство нема ништо спорно тоа што главниот обвинет како мозок на операцијата за масовно прислушување, во случајов Верушевски, јавно се фали дека неговото влијание во службите сега е поголемо до кога било, објавува Алфа.-Јас признавам дека денес моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од првиот септемвриски ден во 1981 година кога почнав со разузнавањето, изјави Верушевски, преку неговиот адвокат Филип Медарски.
Јавниот настап на Верушевски за многумина е директна порака до судиите кои го судат предметот, но и порака до вработените во безбедносно разузнавачкиот сектор дека тој е моќен и заштитен.
Обвинителката Катица Јанева, наместо да го анализира и да побара да се санкционира ваквото однесување на Верушевски, го толерира и во својот одговор до Алфа вели:
„Ве известуваме дека во повеќе наврати сме истакнале дека не коментираме изјави од други лица.“
-Верушевски, кој во случајов, СЈО, го нарекува „друго лице“ е обвинет за три кривични дела „неовластено прислушување и тонско снимање“, „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“.
По признанието на Верушевски дека се уште влијае во разузнавачкиот сектор, Јанева не гледа доказ плус за постапката која треба да ја води против него. Од СЈО велат дека нема опасност Верушевски да го повтори делото ниту пак да влијае на сведоци, бидејќи имале само еден сведок против него, оттука остануваат на ставот дека Верушевски ќе се брани од слобода, одземен му е пасошот, а гарантирал и со имот дека ќе доаѓа на судења.
На, екс разузнавачот Верушевски како првообвинет во Пуч, мерката притвор му беше прекината на 25 декември, лани, по барање на Јанева и тоа после 4 дена откако таа го презема случајот.
Но судскиот процес не мрдна од мртва точка. Прво Заев одбиваше да доаѓа на судење, затоа што беше во надлежност на организиран криминал, а откако го презема Катица Јанева, тогаш таа ги одложуваше судењата, со оправдување дека судот не и давал копии од доказите. Но, тоа не беше причина за укинување на мерката притвор за Верушевски како и превентивните мерки за останатите обвинети.-Јас признавам дека денес моето влијание во разузнавачките служби никогаш не било поголемо од првиот септемвриски ден во 1981 година кога почнав со