недела, 22 ноември 2026
Најново

Ладнокрвно убиство на двајца бизнисмени од Албанија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Двајца биснисмени од Албанија се убиени во градовите Драч и Буклиза. Убиството на двајцата бизнисмени кои се албански државјани се случиле во два различни градови во земјата, а од прилика во исто време. 
Првото убиство се случи околу 9 часот во албанскиот туристички центар Драч кога врз 40-годишниот бизнисмен Плаурант Цани, познат претприемач во градежништвото, напад извршиле две лица во моментот кога Цани пиел кафе во еден угостителски објект.
Второто убиство се случило во градот Буклиза, а жртва е 41-годишниот бизнисмен Ќерим Марку, кој менаџира со компанија за хром. Во нападот, исто така, е потешко рането уште едно лице.
Според истрагата, во двата случаи во прашање е расчистување на сметки поради конкуренција во бизнисот. 
Полицијата истражува кој точно стои зад овие две ладнокрвни убиства. Убиството на двајцата бизнисмени кои се албански државјани се случиле во два различни градови во земјата, а од прилика во исто време. 

Поврзани вести