Експлицитното барање на ВМРО ДПМНЕ да нема цензура за медиумите, од преговорите била главната пречка заради која порано заврши денешната партиска средба, пишуваат медиумите.Според информациите, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле побарани цврсти гаранции во форма на одредба дека ниту новинар, ниту медиум не може и не смее да биде казнет за искажан став или мислење, нешто што е предвидено и во Кодексот на новинарите на Македонија. Имено, токму кодексот предвидува дека слободата на медиумите е неприкосновено право, а новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења, но и право да коментираат. СДСМ одбиле да дадат поддршка на ваквиот одлучен став на ВМРО-ДПМНЕ, со што станале јасни нивните намери за наводните реформи во медиумската сфера кои што ги предлагаат.
Дијаметрално спротиставените позиции на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по ова прашање, односно судирот на концептите на слобода на медиуми и воведување на цензорски механизми, во моментов се чинеле непремостиви, па било одлучено работната група да се состане после празниците.
Познато е и дека дел од компромисите за денешната средба било да не биде напаѓан СДСМ со прашања зошто избегаа во два наврати и бараа да се одложат изборите кога цело време знаеле дека гласовите со кои ги победи ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се спорни. Имено, над 80% од гласачите кои ги спори СДСМ се Албанци од шестата изборна единица и уште 10-тина отсто припадници на другите етнички заедници. ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ6 на последните избори освои околу 26000 гласа, односно 4 пратеници, што е многу далеку од бројката што ја спори СДСМ. Доколку СДСМ биле во право, како што се коментирало со потсмев, тогаш според математиките би требало ВМРО-ДПМНЕ да ги победи ДУИ и ДПА во Тетово и Гостивар со 15 пратеника против 5. Напредокот кој е постигнат со признанието на СДСМ во голема мера ја релаксирало атмосферата на разговорите меѓу партиите и отворило простор за дијалог околу пакетот закони за медиуми. Овој пакет бил во голема мера договорен меѓу партиите. Единствено нешто за кое не е постигната согласност е принципот на казнување, бидејќи единствено СДСМ се залагало за воведување на нови критериуми што од друга страна може да бидат вовед во цензура и автоцензура.Според информациите, од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле побарани цврсти гаранции во форма на одредба дека ниту новинар, ниту медиум не може и не смее да