Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи работилница за превенција и борба против корупцијата и препораки во однос на членовите на Собранието.На работилницата интерактивно, преку дискусија и изнесување ставови и размислувања, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе бидат опфатени препораките од Четвртиот круг на евалуација на ГРЕКО на тема „Превенција на корупцијата кај членовите на парламентот, судиите и обвинителите”, судир на интереси, етички кодекс и други етички прашања за пратениците и лобирање врз носителите на законодавната власт.
За реализација на оваа активност е ангажиран Драго Кос, меѓународен експерт за антикорупција.
Државната комисија за спречување на корупцијата во партнерство со Сојузното биро за администрација на СР Германија, од јули 2014 година започна со реализација на двегодишниот ИПА Твининг проект „Поддршка за ефикасна превенција и борба против корупцијата”.На работилницата интерактивно, преку дискусија и изнесување ставови и размислувања, како што соопшти собраниската прес-служба, ќе бидат опфатени пр