Јанева нема да го повлече Грчев од случајот за „Космос“

Мирослав Грчев, дел од раководството на СДСМ, потпишан како вешто лице – професор од Архитектонскиот факултет за експертизата, која ја побарала специјалната обвинителка Kатица Јанева за случајот „ТНТ“ поврзан со „Kосмос“ нема да биде повлечен од вештачењето и покрај тоа што се работи за случај во кој обвинети се негови политички соперници од ВМРО-ДПМНЕ, пишува Дневник.На прашањата на „Дневник“ за тоа како Грчев кој последнава деценија повеќе е експониран како политичар на СДСМ станал вештак на СЈО, одговараат дека тој практично бил избран од Архитектонскиот факултет. За нив нема ништо спорно во тоа што тој го правел вештачењето со „ТНТ“ односно провериле и не пронашле законски основ за изземање на вешто лице.
Од СЈО објаснуваат дека тие за случајот „ТНТ“ не го најмиле директно Грчев, туку Архитектонскиот факултет од Скопје од кој побарале да биде назначено вешто лице кое ќе изготви вешт наод и мислење според спецификите на предметот. При тоа не инсистирале токму Грчев да ја направи експертизата туку оставиле тоа да го направи самиот факултет. Според информациите од СЈО вештачењето за „ТНТ“ чинело 42 илјади денари, а парите биле исплатени по фактура доставена од Архитектонскиот факултет.
– Сакаме да укажеме и дека ЗKП ги предвидува условите за изземање вешто лице, па во конкретниот случај откако е добиено вештачењето, од наша страна не е утврдено постоење околности за изземање на вештото лице што го извршило вештачењето, во смисла на членот 238 в.в. член 242 од ЗKП, а воедно установата била предупредена дека не може да ангажира лице за кое постојат основи за изземање – велат од СЈО.
Како што пишува Дневник, на дополнителното прашање дали и покрај тоа, сепак ќе побараат од Архитектонскиот факултет да го смени вештото лице за да се избегне очигледниот судир на интереси и да се отстрани каков било сомнеж за работата на СЈО во јавноста, одговор не добиваме веќе четврти ден.
Тоа што е апсурдно е што Јанева со посредното ангажирање на Грчев всушност отвора сомнеж дека таа го прави истото поради што е и отворен случајот „ТНТ“ – дискриминација врз основа на политичка определба. На прес-конференцијата за овој предмет, Јанева опишувајќи во што се состоело делото рече: „Селективноста во постапките за дискриминација на политичките неистомисленици преку нанесување директна штета претставува очигледен пример за класична злоупотреба на институционалните капацитети од страна на носители на највисоки јавни функции“.
Случајот со вештачењето на Грчев го отвори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во своето последно интервју коментирајќи ја работата на СЈО. Груевски тогаш коментира дека ова специјално обвинителство, иако ја добило поддршката од неговата партија, работи пристрасно и во договор со опозицијата.
– Замислете до каде одат работите кога овие луѓе, како тим, за големи пари ќе фалсификуваат и продуцираат нарачани вештачења. Ние веќе бевме сведоци на едно такво нарачано вештачење од Мирослав Грчев за случајот „Kосмос“. Замислете, и покрај тоа што веќе има неколку вештачења за истиот предмет, нарачано е вештачење од СЈО кај Мирослав Грчев, човекот што отворено покажува омраза кон ВМРО-ДПМНЕ и кон сите проекти на Владата, човекот што секојдневно н` плука кај ќе стигне, поранешен градоначалник на СДСМ, и кој е целосно ненадлежен за ваков тип вештачења, беше одбран да направи нарачано вештачење. Ете ова се методите на СЈО.
Во Архитектонскиот факултет молк како го избрале токму Грчев
Прашања за тоа како од сите професори на факултетот токму Мирослав Грчев, политички опонент на обвинетите во случајот „ТНТ“ бил избран да работи на вештачењето дадено од СЈО, испративме и до Архитентоскиот факлутет, но оттаму веќе три дена ништо не одговараат. Прашавме и кој инсистира вештачењето да го прави овој професор: дали институција или, пак, СЈО и врз основа на кои критериуми е избран токму професорот Грчев, како и дали вештачењето може да го направи друг професор. Побаравме и информација за тоа колку чини вештачењето и дали може да ни го приложат договорот за соработка со СЈО.
Откако не добивме писмен одговор, вчера се обидовме телефонски да го добиеме диркетно деканот на факултетот Минас Бакалчев, но од неговата канцеларија ни одговорија дека деканот бил зафатен деновиве, а вчера бил на промоција, па така евентуално одговори треба да чекаме од денеска, па натаму, пишува Дневник.
Хан не одговара дали најмувањето на Грчев од Јанева е владеење на правото?
Kанцеларијата на еврокомесарот Јоханес Хан не одговара на тоа дали вештиот наод и мислењето на Мирослав Грчев, поранешен градоначалник од редовите на СДСМ и истакнат функционер на оваа партија може да се смета за владеење на правото ако се знае дека тој ќе треба да вештачи против функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Од Брисел изминативе месеци често се критични кон какви било потези што ги прави власта во државата со образложение дека тоа е прекршување на принципот на владеење на правото и правдата, но за овој случај се решија да молчат.На прашањата на „Дневник“ за тоа како Грчев кој последнава деценија повеќе е експониран како политичар на СДСМ станал вештак на СЈО, од

Пронајдете не на следниве мрежи: