Цуклев: Шарената револуција нанесува штета на граѓаните и на нашата држава

Пратеникот Цуклев уште еднаш го потсети Мисовски од НСДП дека и Ѓорѓе Иванов на претседателските и ВМРО-ДПМНЕ на последните парламентарни избори добија огромна поддршка од граѓаните и дека тоа се константни резултати на сите избори во последните 10 години.„Почитувани колеги од опозицијата, денес наместо да зборите за точката на дневен ред, вие зборите за изборни манипулации, за нелегитимен претседател, за изборен фалсификат, фантомски гласачи и незнам уште што не друго. Колега Мисовски, да не мислите дека ни правите партиска штета со вашите говори, туку напротив, година и половина наназад го правите тоа, а не ни правите никаква штета на партискиот рејтинг. Погледнете ги анкетите на независните агенции и ќе видите дека партискиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу граѓаните расте. Меѓутоа колега Мисовски, жално е што со тоа нанесувате штета на државата Република Македонија. Една година зборите за некакви фантомски гласачи. Се изврши теренска проверка и нема фантомски гласачи, не најдовте ниеден што гласал два пати, не најдовте ниеден што гласал за некој починат гласач. Нема фантомски гласачи, колега Мисовски. Вие не можете да ја добиете поддршката од граѓаните. И кога самите го гледате тоа, го омаловажувате македонскиот народ дека нема мозок и така политички тонете се повеќе и повеќе“, порача Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.
„Колега Мисовски со 500 илјади гласови Ѓорѓе Иванов го победи вашиот кандидат Пендаровски, со 200 илјади гласа разлика победи ВМРО-ДПМНЕ наспроти СДСМ на последните избори. Каков изборен фалсификат е тоа, колега Мисовски? Ја немате поддршката на граѓаните“, рече Драган Цуклев.
На крај, Цуклев уште еднаш упати порака до опозицијата и нивната погубна политика дека сето ова што се случува во изминативе две години, не нанесува штета на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, туку на граѓаните и државата.
„Сето ова што го правите со таканаречената Шарена револуција нанесува штета само на граѓаните и на нашата држава, ништо друго. Затоа граѓаните ќе ве осудат и казнат на сите следни избори“, заврши пратеникот Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.„Почитувани колеги од опозицијата, денес наместо да зборите за точката на дневен ред, вие зборите за изборни манипулации, за нелегитимен прет

Пронајдете не на следниве мрежи: