ГРУЕВСКИ: Во политиката влегов подготвен и за сопствената елиминација

Груевски не забележал страв кај никој од осомничените функционери кои ги гони СЈО. Тоа му докажало дека сите работеле чесно и посветено, а во политиката влегол подготвен и за неговата елиминација.„Кај никој досега не забележав страв од фактот што се формира СЈО, кое треба да истражува што се случило во некои ситуации од нивното работење. Тоа ме охрабри и ми потврди дека луѓето навистина работеле посветено и чесно. Но кога се видоа методите со кои почнаа да работат, а за кои сега јажав, нормално се појави загриженост кај луѕѓето кои се таргети на СЈО и СДСМ, но и кај останатите што го следат процесот. Но, бргу потоа кај голем дел таа загриженост и стравот поради непрофесионалното и пристрасно работњее на луѓето во ЈСО помина, откако разговаравме и сфативме дека со вакви методи тие не можат да успеат“, вели Груевски во интервјуто за „Телеграф“.
Тој додава дека целта на лужѓето од СЈО, меѓу другото, беше да внесат страв.
„Еден куп луѓе ќе малтретираат и веќе малтретираат за да ги заплашат или заглават, па да ги користат како лажни сведоци против мене. Ќе следат прес-конференции на кои ќе се пењават да ме прикажат како зол човек, криминалец, недемократ, измамник и слично. Ќе пробаат со сите методи. Нема да успеат. Напротив, ќе постигнат спротивен ефект“, вели Груевски.
Тој вели дека во политиката влегол свесно.
„Ги знаев методите со кои многу политичари низ историјата биле атакубани и бев, и се уште сум, подготвен на се, во смисла да бидам нападнат. На секакви удари и предизвици. На секакви подмолни местенки и обвинувања, вклучително и на моја лична елиминација“, вели тој.
За Избирачкиот список, тој потсетува дека минатиот август ВМРО-ДПМНЕ пониуди т.н. активна регистрација на гласачите.
„Еве сега повторно го реафирмирам. Ајде, ако се согласни, може и сега да се спроведе. Тоа би претпоставило, на пример, дека помеѓи 1 јули и 15 септември, или ако сакаат 15 јануари, секој што сака да гласа би отишол на едно од многуте законскиу договорени места низ Македонија да се легитимира и да се потпише дека сака да гласа и да остави електронски отпечаток од прстот. Потоа, само тие луѓе ќе можат да гласаат“, додава Груевски.
„Во следниот период, доколку има соодветно време до изборите, ќе се посветиме на европската агенда, на итните реформски приоритети, и на законски решенија во Собранието кои ќе го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните“, вели Груевски.
„Инаку, познавајќи го претседателот Иванов, знаејќи дека тој е човек кој секогаш интересите на државата и на граѓаните ги става пред своите лични интереси, и кој е спремен да преземе и лични ризици за да даде придонес во напредокот на земјата, не се сомневам дека направи чекор со намера да го заштити државниот интерес. Јас верувам дека се што кажа во образложението и го мисли“, вели Груевски.„Кај никој досега не забележав страв од фактот што се формира СЈО, кое треба да истражува што се случило во некои ситуации од нивното работењ

Пронајдете не на следниве мрежи: