Пандов, Андонов: Заев да ја искористи можноста за повлекување на аболицијата од Црвенковски!

Александар Пандов од Граѓанското движење за одбрана на Македонија истакна дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата е одлична информација.-Главното барање на ГДОМ беше повлекување на аболицијата на Иваново, особено за двајцата најистакнати чинители во оваа политичка криза Зоран Заев и Зоран Верушевски. Со ова се отвора можност СЈО да даде одговор на главното прашање „Кој и за чиви интереси ја направи оваа политичка криза“. Сакам да го повикам Заев и оној збор кој го даде дека ќе ја искористи законската можност за повлекување на неговата аболиција од претседателот Црвенковски за 8 милиони евра во случајот Глобал, вели Пандов во изјава за Сител.
Пандов вели дека со самото тоа Македонија ќе биде држава во која ќе нема аболицирани политичари.
И Оливер Андонов од името на ГДОМ ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов  за поништување на одлуката за аболиција иако не миси дека овој потег би придонел во насока на смирување на политичката криза. Според Андонов, опозицијата нема да застане тука, туку сега ќе нивните барања ќе ги сконцентрирала на формирање техничка влада и специјален суд.
-Ние од ГДОМ сме задоволни од одлуката на претседателот, за тоа и се залагавме, да аболицијата особено за политичарите да не важи затоа што не се сите исти. Единствен политичар кој денеска е аболициран во Република Македонија е господинот Заев за 8 милиони евра за ГЛОБАЛ и ако ништо друга туку барем од етички причини да побара повлекување на аболицијата, имајќи предвид дека пред една недела даде изјава во која зборуваше дека ќе побара да му се суди и за ГЛОБАЛ. Еве му шанса, вели Андонов.-Главното барање на ГДОМ беше повлекување на аболицијата на Иваново, особено за двајцата најистакнати чинители во оваа политичка криза Зоран Заев и

Пронајдете не на следниве мрежи: