Груевски: Ние веруваме во вредности, а не во омраза како СДСМ

Ние веруваме во вредности, а не во омраза како СДСМ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто заТелеграф.мк.-Ние сме партија која покрај проектите, делата и реформите, функционира и на база на идеологија која има свои столбови поврзани со нацијата, традициите, вредности и вредносни критериуми, семејството, заштитата на приватната сопственост, поддршка на сиромашните, помагање на претприемачите, односот кон индивидуалецот и неговата среќа, но и кон народот и државата како причина за наше постоење и дејствување како партија, интегритетот на поединецот и нацијата, образованието, патриотизмот, историјата на нашиот народ и граѓани, иднината на земјата, заедничките цели, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Нашата идеологија, додава Груевски, е поврзана и со нашето име на партијата и со историјата.
-Тоа длабоко вкоренето чувство на идеологија е особено важно во периоди на криза и тогаш е основното сврзно ткиво, особено меѓу оние што се во партијата од идеолошки причини. Кога веруваш во некои вредности и те носи некоја идеологија, подготвен си и на поголеми лични ризици, може и да паднеш од власт, но имаш сила пак да се повратиш и да успееш. Тоа членството на СДСМ го нема, или ако го има, е во минорна димензија. Нив ги води само личниот интерес и желбата за власт, за што се подготвени сè да направат, со секого да се здружат и подготвени се буквално на сè, вклучувајќи и за работи што се антидржавни. Тоа најчесто ги води во амбис. Затоа таму се инфилтрираат различни групации кои не можат да се идентификуваат едни со други.-Ние сме партија која покрај проектите, делата и реформите, функционира и на база на идеологија која има свои столбови поврзани со нацијата, традиц

Пронајдете не на следниве мрежи: