Не купувајте дребулии на Грчките плажи ако не сакате да платите казна од 300 евра

Доколку решите да летувате на некоја од Грчките плажи, не е препорачливо да купувате дребулии од трговците, ако не сакате да платите казна од 300 евра, пишува српскиот весник Наше Новине. На Грчките плажи може да се сретнат голем број трговци од различни земји кои продаваат дребулии за ефтини пари. 
Но, српскиот весник кој се повикува на изјавата на еден брачен пар од Србија кој летувал во паралија, пишува дека треба да внимавате при купување на дребулии на плажа затоа што ќе платите 300 евра казна. 
парот кој избегнал плаќање казна од 300 евра раскажува дека полицијата едвај им простила затоа што не биле информирани, па купиле фустан за 10 евра од еден трговец кој продавал на плажата.
За неколку минути по продажбата околу  нив дошле грчки полицајци и побарале да платат казна од 300 евра. Тие биле повикани од еден меанџија, кој има ресторан покрај плажата.
„Полицајците стигнаа за пет минути. Црнецот беше приведен, а нас не однесоа во полициска станица за да дадеме изјава“, изјавила Нада Милојевиќ.
Благодарение на традиционалното српко-грчко пријателство казната им била простена, со препорака да внимаваат од каде купуваат, зашто во Грција е во тек акција против сивата економија, а посебно против продавачите од Африка.
Стопанската комора на Пиреја и Здружението на хотелиерите на почетокот на сезоната делеле флаери на туристите на седум јазици на која пишувало: „Должни сме да ве информираме дека илегалното купување е противзаконско. Купувачите за тоа дело ќе бидат виновни и гонети и парично казнувани“.
Од туристичките организации во Србија ја потврдиле оваа информација и велат дека овие ригорозни казни за илегална трговија  во Грција се применувале строго на островите и летувалиштата на Халкидики.На Грчките плажи може да се сретнат голем број трговци од различни земји кои продаваат дребулии за ефтини пари. 
Но, српскиот весник к

Пронајдете не на следниве мрежи: