Украинското сценарио во Македонија – Перформанс на Заев

Застрашувачките сцени од Украина, една по една, се пресликуваат на насилните протести во Скопје.Насилните протестанти започнаа со огледалата и провокациите кон полицијата, па продолжија со боење и користење на справи исти како во Украина, според школата на Канвас.
 
Секој ден, хулиганите стануваа се понасилни и уништуваат се пред себе, плукајќи по македонската историја и држава.
Дека она што се случува во Македонија може да биде она што се случуваше во Украина веќе најави лично лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Хулиганите ја демолираа и палеа канцеларијата на претседателот Иванов која функционира како народна канцеларија за граѓаните, од таму крадеа и го уништуваа инвентарот.
Ги уништија спомените на македонската историја, фрлија боја по националното богатство, го вандализираа споменикот на АСНОМ, споменот на децата бегалци, Порта Македонија, Илинденската епопеја…. причинувајќи штета од над 200.000 евра.
А сево ова, за лидерот на СДСМ е само перформанс! Додека целата држава се наоѓа во заложништво и неизвесност, опозицискиот лидер се забавува нарекувајќи ги таквите сцени перформанс. Лично се приклучи на хулиганите предводејќи го цело раководство на СДСМ и фрлаше со боја.
За  Заев уништувањето на објектите и спомениците е перформанс.
-Ова денеска како перформанс на сите нас хулиганите и хулиганките, составен дел на оваа Шарена револуција беше чин на солидарност кон сите овие другари и другарки коишто се под мечот на неправдата и репресијата на оваа власт, рече Заев.

Дел од поддржувачите и гласноговорниците на лидерот на СДСМ од платената револуција на СОРОС, посакуваат Заев  што пореално да го копира украинското сценарио и наместо со боја да почне да ги напаѓа институциите со молотови коктели.

Платениците на СДСМ и СОРОС удрија и по приватните медиуми за да може да се слушне вистината за нивното антидржавно однесување.
Новинарката Мирка Велиновска се осврна на овие ликови и нивните дејствувања:
Насилните протестанти започнаа со огледалата и провокациите кон полицијата, па продолжија со боење и користење на справи исти како во Украина, спор

Пронајдете не на следниве мрежи: