Во Македонија не прислушувал Груевски, туку БНД на барање на НСА

Правото на демонстрантите од таборот на Зоран Заев да ги блокираат централните улици на Скопје го поддржа амбасадорот на САД Џес Бејли
Грб на протестните активности како и во Грузија 2003 година, е во Фондот на Сорос, а не во Стејт департментот и CIA, како што беше во време на државниот преврат во Украина
Распадот на Југославија почна откако Словенија и Хрватска одненадеж прва ги призна Германија. Германија многу децении се обидувала да се пробие на Балканот и во времето на Кајзер, а во времето на Третиот рајх. Можно е да сме сведоци на уште еден чекор напред на Германија на Балканот. Пишува: Сергеј Марков, заменик-ректор на  Московскиот универзитет “Плеханов”
 Масовни демонстрации се одржуваат во Македонија  по класичено сценарио на обоени револуции, така  што веќе ги нарекоа “Македонски Мајдан”, пишува  fakti.org.
 Во центарот на престолнината направен е камп, а  правото на демонстрантите од таборот на Зоран  Заев да ги блокираат централните улици на Скопје  го поддржа амбасадорот на САД Џес Бејли. Во  протеститните акции учествуваат и пратеници од  Европскиот парламент, на демонстрантите им  даваат поддршка и западните медиуми кои го  обвинуваат државниот врв за користење на диктаторски методи на владеење.
Во овој конфликт  Запад остварува геополитички цели.
Првата од нив е да се спречи изградбата на Турскиот поток, со кој би требало да се транспортира гас за Јужна и Централна Европа, а кој, според плановите треба да поминува низ Турција, Грција, Македонија и Србија.
САД се заинтересирани проектот за Турскиот поток да пропадне, за гасот да оди во Европа гас од Катар. На тој начин САД би ја држеле раката на вентилот и би можеле тоа  да го користат за политички цели.
Другиот глобален проект кој е на удар е – „Новиот Пат на свилата”, кој е инициран од страна на Кина.
Завршнта фаза на “Новиот пат на свилата” треба да биде дел од железничката пруга која би поминувала од пристаништето Пиреја во Грција, преку Македонија, Србија и Унгарија.
Третата цел е да се заплашат левичарската грчка влада и десничарската унгарската влада, за овие да не го користат  правото на вето за продолжување на санкциите против Русија. Во спротивно им се заканува обоена револуција.
И четврто: Западот се обидува демонстративно да ја казни земјата која не учествува во санкции против Русија.
 Во Македонија, Албанците сочинуваат една четвртина од населението. Специфичноста на оваа земја и е силниот албански фактор. Многу албански лидери се залагаат за Голема Албанија, во која, според нивната идеја треба да влезат  Албанија, Косово, делови од Србија, Македонија и Грција.
Затоа, постои  реална опасност за отпочнување на нова европска војна меѓу Словените и Албанците на територијата на неколку земји. Познато е дека албанските вооружени одреди се  тесно поврзани со Ал Каеда, Исламската држава и нарко мафијата.
 Во 2001 година, избија судири меѓу македонската војска и албанските вооружени сили, кои завршија со Охридскиот договор потпишан под притисок на меѓународната заедница. Според договорот, Албанците добија  најширока автономија, за која руските јазични региони на Украина не можат дури ни да сонуваат.
Албанците денес не се подготвени на било какви отстапки и судејќи по се,  политичките несогласувања не планираат да ги решаваат на мирен начин. Нападот на албанските терористи врз македонската полиција тоа го потврдува.
 Криза во голема мера се предизвика и од обвинувањата на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на сметка на премиерот Никола Груевски, дека прислушкувал 20 илјади македонски граѓани. Многумина веруваат дека во македонските специјални служби немаат на располагање ресурси за истовремено  прислушување 20 илјади луѓе, вели Сергеј Марков.
Извор на информациите за прислушување е поранешниот шеф на разузнавање Зоран Верушевски, кој работел во тесна врска со тајните служби на НАТО. Затоа, приврзаниците на Владата веруваат дека македонските граѓани не не ги прислушувала домашната разузнавачка служба,туку разузнавачките служби на НАТО, кои и ги проследиле оваа информација на македонската опозиција. Поточно – Германската разузнавачка служба БНД по налог на американската НСА.
Во македонската приказна генерално е забележана германска трага.
Медиумите во Германија ја обвинуваат македонската влада за заговор со терористите : овие наводно, по наредба на Владата ја нападнале полициската станица.
Да се потсетиме дека распадот на Југославија почна откако Словенија и Хрватска одеднаш прва ги призна Германија.
Германија многу децении се обидувала да се пробие на Балканот и во времето на Кајзер, а во времето на Третиот рајх. Можно е да сме сведоци на уште еден чекор напред на Германија на Балканот.
Како одговор на обидот на обоен  државен преврат, поддржувачите на сегашната влада одржаа митинг еден од најмасовните во историјата на Македонија. На митингор, се слушаа слогани во знак на поддршка од Русија и Православието.
Извор: Fakti.org Пишува: Сергеј Марков, заменик-ректо

Пронајдете не на следниве мрежи: