Некои невладини упорно вршат индоктринација младите да не ја чувствуваат Македонија како своја држава

НВО, кои се финансирани главно од фирмите на Сорос и од некои други странски извори имаат континуитет во своето работење, и кога има и кога нема протести. Во периоди кога нема протести, тие, пак, парите ги трошат за горе-долу истите луѓе, но во различна форма. На пример, држат разни јавни дебати против активностите и проектите на Владата, држат прес-конференции, гостуваат во телевизиски и радиоемисии, организираат т.н. пленуми од различен вид, им се вршат разни тренинзи за сето тоа, потенцира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за Телеграф.мк.Тренинзите најчесто ги вршат највидните лица на организациите на Сорос и од она што сум го слушал, често пати има крајно секташко однесување и предавања, обиди за врбување млади и перспективни луѓе и вршење индоктринација кон нив, а притоа давајќи им пари и многу бесплатни патувања, кој е и главниот мотив да доаѓаат на тие предавања и обиди за перење на мозокот. Оние што по некое време нема да им ја прифатат играта, кои нема да подлегнат на индоктринацијата, се информираат веќе да не доаѓаат, за парите да продолжат да ги инвестираат во други, од кои ќе имаат ефект, додава Груевски.
Груевски посочи и еден пример што му го раскажал еден од учесниците.
-Mислам некаде во 2009 година од предавањата. Говорејќи им против политиките на Владата, побарале секој од присутните да се качи на маса и да скокне и да ја гази програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Тотално лудо! Или барање во хор сите слушатели на предавањата да повторуваат: Оваа Влада не чини!!! И повеќе слични работи, кои човек го шокираат кога ги слуша. Не се сите вакви методи, имаат и пософистицирани, но имаат и многу вакви. Слушателите доаѓаат затоа што знаат дека со сигурност ќе добијат пари, најчесто во некоја многу лесна форма, на пример давање некоја идеја, одржување некое предавање пред група студенти или слично. Голем дел од нив не подлегнуваат на индоктринацијата, но им требаат пари и слушаат и молчат. Некои од тие слушатели ми рекоа дека оделе на предавањата само заради парите, кои во тој момент им биле многу потребни, но се гаделе од она што го слушале и го гледале.
Во 2009 година, додаде, кога беше екот на кампањата на владата „Ти си Македонија“, една од основните лекции била да ги убеди слушателите дека „Ти не си Македонија“ и дека никој во оваа земја не треба да се идентификува со местото и државата на раѓање и живеење, туку да се чувствува исклучиво како човек на планетата Земја. Да нема никакво различно чувство за својот народ, традиција, историја и за својата земја во однос на која било друга.
-Директна индоктринација младите луѓе да не ја чувствуваат Македонија како своја држава. И не ме чуди што денес без ниту малку совест некои млади луѓе ги сквернават спомениците на македонските херои кои ги положиле животите за денешните слобода и држава. Истите тие предавачи и слушатели имаат задача да гостуваат по емисии и најжестоко да ги напаѓаат Владата и ВМРО-ДПМНЕ, да пишуваат колумни, некои од нив да бидат новинари или да водат некои емисии или портали, или пленуми, или протести, јавни дебати, да пишуваат негативно насекаде надвор од земјата против нас, да испраќаат илјадници писма и имејлови со оцрнување на Владата, да даваат изјави за странски медиуми или странски аналитичари, да ги дружат и убедуваат дека во нашата земја нема слобода и демократија, за потоа истите да го шират тоа. Инаку, од она што деновиве го објавија медиумите, видовме дека некои експоненти во протестите, кои се организирани од тие НВО, земале и до 70 илјади евра годишно, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.Тренинзите најчесто ги вршат највидните лица на организациите на Сорос и од она што сум го слушал, често пати има крајно секташко однесување и пред

Пронајдете не на следниве мрежи: