30% повеќе Холанѓани во првиот квартал од годинава ја посетиле Македонија, информираат од највисокото раководство на ТУИ, кои деновиве престојуваат во Охрид. И во следниот период се очекува пораст на бројот на туристи од земјите на Бенелукс, со оглед на тоа што заврши мигрантската криза.Агенцијата за промоција на туризмот заедно со ТУИ ќе ја прошируваат туристичката понуда на холандскиот пазар. Покрај Охрид ќе се нудат нови атракции низ земјата, природни убавини, цркви села, манастири.
– Ние бележиме 20% пораст за првиот квартал во однос на холандски гости и 30 % пораст во однос на посети и 20 % во однос на ноќевања.Ова се брјките за првиот квартал од годинава а се надеваме дека и во вториот квартал ке оствариме некаков пораст, вели Лејла Крстевска директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Македонија е се уште неоткриена топ дестинација за Холанѓаните. Годинава се очекува над 30 000 Холанѓани да летуваат на брегот на Охридското езеро.
– Покрај културата и пријателството што веќе го споменав 365 те цркви, вкусот, природа, можностите за спорт, што Македонија ги нуди, возење велосипед, планинарење параглајдинг сето тоа ја прави оваа земја посебна, вели Жак Крејнен продукт менаџер на ТУИ Холандија одговорен за Македонија. Мигрантската криза и политичката состојба не ги попречуваат холанѓаните да имаат мирен и спокоен одмор во Македонија.
– Луѓето кои се веќе на одмор тука сфатија дека имаат одмор без да се вклучени во никаков вид на проблеми. Тоа е секако позитивен имиџ за земјата. Направивме една интензивна маркетинг кампања која позитивно влијаеше луѓето сфаќаат дека ситуацијата не е критична, вели Аријан Керс генерален менаџер на ТУИ Холандија.
ТУИ моментално остварува четири летови неделно во Македонија, а во екот на сезона се очекува зголемување на пет до шест летови неделно.Агенцијата за промоција на туризмот заедно со ТУИ ќе ја прошируваат туристичката понуда на холандскиот пазар. Покрај Охрид ќе се нудат нови а