41 средно училиште аплицирало за грантови од 5 до 20.000 евра

Досега 100 апликации од средните училишта пристигнале во министерството за образование за финансирање проекти за поврзување со бизнис заедницата за унапредување на практичната настава и вештините за поедноставно вработување на учениците.Проекти пристигнале од 41 средно стручно училиште, во соработка со партнер компанија, аплицирале  за добивање дел од вкупно предвидените 700.000 евра за грант програмата  поддржана од светска банка. Сите доставени  апликации од “проектот за развој на вештини и поддршка на иновации“, ќе бидат разгледани  од посебна комисија, во која членуваат претставници на министерството и на стопанските комори.
Комисијата ќе донесе одлуки во наредните  два  месеца. За секој поединечен проект училиштата ќе може да добијат од 5.000 до 20.000 евра, во зависност проектот. Крајната цел на овој проект е да им помогне на учениците од стручното образование, односно од дефицитарните струки да ги развијат практичните  вештини и да имаат полесен настап на пазарот на трудот.
“Оваа програма обезбедува бенефиции првенствено за учениците. Но, значајна е и придобивката за компаниите, кои секако, добро подготвените ученици, или учениците во кои гледаат добар потенцијал, би можеле понатаму да ги задржат на одредени работни позиции. Тоа пак, значи придобивка за целокупната економија и пазар на труд во земјата“ – изјави Спиро Ристовски, заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Преку програмата стручните училишта може да добијат неколку типа  грантови, односно можности за финансирање на проекти за реализација на практичната настава во склоп на училиштата, за кампови за техничка обука за време на летен распуст, курсеви за практична обука во училиштата, проекти за реализација на практична настава во компаниите – директно на работно место, проекти за основање на реални училишни компании . Сите средни стручни училишта биле  опфатени со обуки на министерството,  заради правилна подготовка на апликацијата и нејзино навремено поднесување.
Надлежните се задоволно од првиот оглас. Најавуваат дека грант програмата ќе продолжи да се спроведува и следната година, а интересот, очекуваат да се зголемува.Проекти пристигнале од 41 средно стручно училиште, во соработка со партнер компанија, аплицирале  за добивање дел од вкупно предвидените 700.0

Пронајдете не на следниве мрежи: