Светски хуманитарен самит: Средби на Иванов со Ердоган, Ципрас и Церар

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за време на Светскиот хуманитарен самит во Истанбул, што се одржува денеска и утре оствари средби со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и со премиерите на Грција и Словенија, Алексис Ципрас и Миро Церар.Како што соопшти Кабинетот на Иванов, на средбата со турскиот претседател Ердоган, двајцата соговорници изразиле задоволство од високото ниво на севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Турција и подготвеност за натамошно унапредување на соработката во сите сфери од заемен интерес.
Во разговорите, претседателите размениле мислења и информации за состојбите со мигрантската криза, за актуелните политички состојби во земјите, како и за прашања поврзани со енергетската безбедност и гасоводни проекти.
Ердоган го информирал Иванов за состојбите и предизвиците со кои се соочува Турција во однос на бегалската и мигрантската криза, како и во борбата против тероризмот. Во тој контекст го информираше и за спроведувањето и перспективите на Договорот ЕУ-Турција за справување со мигрантската криза.
Македонскиот претседател го информирал турскиот колега за мерките и активностите кои ги спроведува и презема Македонија за справување со кризата.
-Претседателот Иванов го запозна претседателот Ердоган со состојбите и заканите на нашата јужна граница, кои се предизвикани од зголемениот степен на илегална миграција и неодамнешните насилни обиди за илегално влегување на македонска територија. Изрази очекување дека Република Турција во пресрет на претстојниот НАТО самит во Варшава ќе продолжи со силната и отворена поддршка за членство на Република Македонија во Алијансата, стои во соопштението.
Двајцата претседатели се согласиле дека е неопходна засилена соработка меѓу државите во регионот во насока на постојано информирање и превенција од заканите и ризиците од тероризмот, насилниот екстремизам и илегалната миграција.
На средбата со премиерот на Грција Алексис Ципрас се разговарало на повеќе теми во контекст на билатералните односи, предизвиците од мигрантската криза, и актуелните политички и економски состојби во двете земји.
 
Во однос на билатералните односи, се наведува во соопштението, двајцата соговорници ги поздравија напорите што се прават преку имплементацијата на мерките за градење на доверба и се заложија за почести контакти на високо и највисоко ниво. Во таа насока се разговараше за заеднички проекти за инфраструктурните поврзувања и прекуграничната соработка. Соговорниците се согласиле дека треба да се работи на унапредување на економските врски меѓу двете земји. Премиерот Ципрас извести за актуелните економски состојби во Република Грција, и предизвиците од мигрантската криза.
Претседателот Иванов, на интерес на соговорникот, истакна дека политичката криза во Република Македонија трае предолго, дека е потребно што е можно побрзо да и се стави крај и дека единствениот начин за тоа е спроведување на фер и демократски избори.
-Двајцата соговорници разменија мислења за бегалската и мигрантската криза особено за состојбата во бегалскиот камп Идомени и обидите за илегални премини во Република Македонија. Претседателот Иванов и премиерот Ципрас се согласија дека треба да се внимава како на хуманиот така и на безбедносниот аспект на кризата, се посочува во соопштението од Кабинетот на Иванов.
На средбата со словенечкиот премиер Миро Церар, било изразено задоволство од развојот на билатералните односи и соработката, и размениле мислења и информации за мигрантската криза, за состојби во регионот, како и за актуелните политички и економски состојби во двете земји.
Премиерот Церар упатил честитки и благодарност за улогата на Република Македонија во справувањето со бегалската криза.
-Македонија направи и прави голема работа за Европа, истакнал Церар.
За време на средбата, Иванов го информирал премиерот Церар за политичката состојба во Македонија.
-Предолгата политичка криза во Република Македонија сериозно влијае на капацитетите на државата за соочување со предизвиците, како мигрантската криза и безбедносните аспекти поврзани со истата. Неопходно политичките лидери да покажат одговорност кон интересите на граѓаните и државата, посочил македонскиот претседател.
Претседателот Иванов побара позасилен ангажман од Словенија во насока на остварување на македонските стратешки цели и приоритети, членствата во ЕУ и НАТО.
На Светскиот хуманитарен самит, кој за прв пат се одржува денеска и утре во Истанбул, учествуваат околу 5.000 учесници, вклучувајќи шефови на држави и влади од шеесетина земји, лидери од кризните региони, раководни лица на меѓународните организации, претставници на приватниот бизнис сектор, како и преставници од граѓанскиот сектор. Меѓу учесниците на самитот се Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, германскиот канцелар Ангела Меркел, претседателите на Турција, Хрватска, Албанија, Црна Гора, Украина, Реџеп Таип Ердоган, Колинда Грабар Китаровиќ, Бујар Нишани, Филип Вујановиќ, Петро Порошенко, претседавачот со босанското претседателство, Бакир Изетбеговиќ, како и премиерите на Грција, Бугарија, Холандија, Словачка, Словенија, Полска, Алексис Ципрас, Бојко Борисов, Марк Руте, Андреј Киска, Миро Церар, Беата Шидло.Како што соопшти Кабинетот на Иванов, на средбата со турскиот претседател Ердоган, двајцата соговорници изразиле задоволство од високото ниво на се

Пронајдете не на следниве мрежи: