Познатата долгогодишна новинарка и колумнистка, Мирка Велиновска, во емисијата на Миленко Неделковски ги соголи новинарите во Македонија кои правеле кариери врз основа на кодошење. Како еклатантен пример го посочи Мето Јовановски, таткото на Борјан Јовановски.Велиновска, како одговор на наводните закани од тужба од ЗНМ одговори:
-Ако сакаат да се судиме и да се тужиме, поготово кодошлак, кодоши, родословот на кодошките фамилии во Македонија можеме и тоа, јас имам докази, мене лустрацијата или лустрационата комисија што ја создадовме, па ја укина под политички притисок ништо не ми значи. Јас лично сум го видела таткото на Борјан Јовановски, како дејствува меѓу македонската дијаспора во Канада и Америка, 87 година бев го среќавав како што работи, го прашував конзулот југословенски од Македонија. Што му е мисијата на овој човек писател од Македонија да ги сврдла и да ги работи Македонците? Собирал информации човекот ги предавал на службите овдека. За тоа знае и МВР, знае и последниот министер во еднопартискиот систем Јово Трпеновски, тој ми покажуваше досиеа, обелодени таа во емисијата на Миленко Неделковски.
Велиновска била повикувана и испрашувана на оваа тема во полициска станица.
-Јас знам мене кога ме викаа, во полициска станица во Карпош, 14 дена после Канада ми ги конфискуваа сите разговори што сум ги имала за да ги пишувам во весник. Ме распрашуваа кого сум среќавала, како сум среќавала. Бидејки не сакав да соработувам, прво ме охрабрија дека на ваков начин се прави кариера и ми посочија три имиња: едното име беше Горан Михајловски – долгогодишен уредник на Вест, второто беше Стојан Насев – главен уредник на Вечер и третото беше Мето Јовановски, како правеле кариери….. Ако сакаат да ме елиминираат има други начини снајпер, ова-она, сообраќајка, убиство нешто ново е? Стварта е што јас сум се обезбедила, во такви услови сѐ што имам складирано сегде автоматски ќе се појави, тоа го знаат не е од сега како информација, па еве ќе биде уште еден Викиликс на мал терен, заклучи новинарката.
Според неа, Горан Михајловски на друг начин бил врбуван да соработува со полицијата.Велиновска, како одговор на наводните закани од тужба од ЗНМ одговори:
-Ако сакаат да се судиме и да се тужиме, поготово кодошлак, кодоши,



