Министерството за здравство, во врска со одредени шпекулации за евентуално менување на Календарот за имунизација, информира дека задолжителната вакцинација се врши согласно Календарот за имунизација, препорачан од Светската здравствена организација за сите земји во светот и дека секоја евентуална измена на Календарот ја врши Националниот комитет за имунизација како советодавно тело на Министерството за здравство и во координација со СЗО.Од Министерството потенцираат дека официјалните ставови од областа на имунизацијата ги носи исклучиво Министерството за здравство како единствена надлежна институција за имунизација во државата, а во согласност со највисоките стандарди и препораки на СЗО.
Имунизацијата е клуч на јавното здравје и со високиот опфат во државата се обезбедува континуирана стабилна епидемиолошка состојба и колективен имунитет. Токму како резултат на високиот опфат на имунизација, во Република Македонија со години наназад е искоренета вариола вера (големи сипаници), нема случај на дифтерија од 1978 година, елиминација на полиото (детска парализа) од 1987 година, а останатите вакцинопревентабилни заболувања се јавуваат спорадично со поединечни случаи, стои во соопштението.Од Министерството потенцираат дека официјалните ставови од областа на имунизацијата ги носи исклучиво Министерството за здравство како единствена н
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.