Американска, холандска и белгиска се трите инвестиции најавени за само една недела во Македонија кои ќе отворат нови 2.200 работни места.Холандската ИТ компанија за висококвалитетни софтверски решенија „Симфони Солушнс“ веќе започна со работа во Македонија со вработени триесетина ИТ експерти, а според плановите на компанијата до крајот на идната година ќе се вработат 200 лица.
Компанијата има свои развојни центри во Украина и Полска, а сега и во Македонија. Нејзините главни клиенти доаѓаат од западноевропските земји, САД и Канада.
Сопственикот на ИТ компанијата Симфони Солушнс, Тео Шифник истакна дека првично неговите планови биле својот бизнис да го прошири во Бугарија, но, како што посочи, по разговорите со македонскиот амбасадор во Украина, тој одлучил да ги разгледа условите за инвестирање и бизнис во Македонија.
– Многу бев изненаден од големиот број висококвалификувани студенти и искусни професионалци во ИТ-секторот. Македонија е се уште неизбрусен дијамант во однос на ИТ-секторот којшто е многу важен за инвестирање и за развој на една држава, а тоа ќе значи голем бум за Македонија, рече сопственикот на холандската ИТ компанија Симфони Солушнс.
Просечната плата во компанијата Симфони Солушнс ќе биде многу конкуретна на пазарот.
Белгиската компанија „Ван Хол“, пак започна со изградба на втората фабрика за автобуси. Инвестицијата ќе се спроведува во три фази. Во новиот капацитет се предвидени 450 директни и околу 100 индиректни вработувања. Новата инвестиција на „Ван Хол“ е вредна 17 милиони евра и ќе донесе четири нови производствени линии, со што двојно ќе се зголеми капацитетот за производство на автобуси.
-Во 2012-та година почнавме со изградба на нашиот прв производствен капацитет и две години подоцна го произведовме првиот автобус. Досега стигнавме до бројка од над 1.000 автобуси, од кои 900 за американскиот пазар и 100 за европскиот пазар, истакна сопственикот на компанијата, Филип ван Хол.
„Џонсон Контролс“ е третата компанија којашто почнува нова инвестиција во Македонија, односно изградбата со својата нова фабрика. По Штип, американската компанија лоцира производствен погон во Струмица. Инвестицијата е тешка 20 милиони долари, ќе донесе нови 1.500 работни места. Дејноста останува иста, производство на покривки за автомобилски седишта.
-Отворањето на новата фабрика е важен настан. Ова не е само значајна инвестиција од 20 милиони долари, туку истовремено и можност за нови вработувања, кои заедно со оние во фабриката во Штип изнесуваат над 3.000 работни места, вели директорот во „Џонсон Контролс“, Питер Хајфт.
Овие инвестиции се потврда дека компаниите и во услови на тешка политичка криза се одлучуваат за Македонија, што пак само го продолжува инвестицискиот бум во земјава.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски истакна дека задоволство му е што започнала градбата на новата фабрика на компанијата Ван Хол белгискиот производител на автобуси кого по 4 годишни напори за прв пат е донесен во Македонија во 2012-та година, кога почна да ја гради првата фабрика.
-Со новата фабрика се планира вработување на уште 450 директни и 100 индиректни вработувања. И само директните вработувања ќе надминат над 1250 , над 1300 практично вработени. Важно е да се каже дека оваа инвестиција вредна 17 милиони евра и 450 нови директни вработувања , плус 100 индиректни е донесена во еден специфичен период што бараше од нас додатни напори, во убедувања на компанијата. Во убедувања на сопствениците дека нема да имаат никакви ризици, имајќи ја предвид политичката криза којашто ни е наметната во изминатата година и пол, вели Груевски.
Во однос на инвестиција на американската „Џонсон Контролс“ во ТИРЗ Струмица тој посочи дека истата е многу значајна инвестиција за Струмица и околината.
-Ова е многу значајна инвестиција за Струмица, прва од ваков поголем вид, долго работевме на неа како економски тим во Владата. Минатата година ја ветив тука во Струмица и сега почнува реализацијата на делот што е „гринфилд“, односно на изградба на нова фабрика. Треба да се вработат 1.500 луѓе како директни вработувања, плус поголем број на луѓе како индиректни вработувања, изјави вчера за Телевизија Нова лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Новиот капацитет на „Џонсон Контролс“, посочи премиерот Емил Димитриев, е значен за целиот струмички регион и со најавените над 1.500 вработувања ќе се намали невработеноста.
– Тука ќе работат многу луѓе од Струмица, Босилово, Василево, Валандово, Радовиш, Дојран…. Покрај директните, верувам дека ќе има и многу индиректни вработувања преку фирмите партнери на „Џонсон Контролс“ во Струмица, рече Димитриев, посочувајќи дека новата фабрика ќе привлече и други инвеститори.Холандската ИТ компанија за висококвалитетни софтверски решенија „Симфони Солушнс“ веќе започна со работа во Македонија со вработени тр