Новинарите финансирани од Сорос ги одработуваат неговите интереси

Џорџ Сорос, заедно со УСAИД, која е операција за социјален инженеринг и своевидна тајна служба, како и други буржоаски институции, како што е „Фондацијата Форд“, многу долго време е вклучен во промоција и поттикнување антисојузнички борби во странски земји, вели Питер Бирн во интервју за „Дневник“, кој е новинар на „Фокс њуз“ што го објави криминалот на Џорџ Сорос скриен во „Документите од Панама“.Според него, новинарите што го работеле истражувањето за бизнисмени и политичари што переле пари преку офшор-компании намерно ги скриле документите за Сорос оти токму истражувањето било финансирано од него. Тие, како што вели Бирн, како и многу други невладини организации, му се еден вид должници, па сега ги одработуваат неговите интереси.
Зошто новинарите ги скрија „Документите од Панама“ за Џорџ Сорос?
– Можеби не сакале да го антагонизираат Сорос кој финансира една третина од нивниот 1,8 милион долари годишен буџет. Тој заедно со УСАИД, која е операција за социјален инженеринг и своевидна тајна служба, како и други буржоаски институции, како што е „Фондацијата Форд“, многу долго време е вклучен во промоција и поттикнување антисојузнички борби во странски земји.
Судејќи според неговата квантитативна застапеност во медиумите и невладиниот сектор во Македонија, но очигледно и многу понадвор од регионот, Сорос го креира и директно влијае врз значителен дел од јавното мислење?– Многу новинари во светот практично се задолжени кај него поради тоа што ги финансирал. Практично: тие, како и многу невладини организации, ги одработуваат неговите интереси.
Велите „Соросовите фондации се промотори и поттикнувачи на антисојузнички борби“, располагате со многу сознанија, како ги анализирате македонските случувања од таа перспектива?
– Сорос е многу антируски, многу анти-Путин ориентиран. Не знам многу за македонската политика, но она што можам со сигурност да го кажам е дека Џорџ Сорос предизвика проблеми во целиот свет, а бидејќи менаџира многу офшор-хеџ фондови, тоа го става во позиција да профитира од разни политички и други предизвикани флуктуации, потоа да прави разни бизниси и други видови договори со политичари на кои тој им помогнал итн.
Пред многу години магазинот „Kоверт екшн куартерли“ правеше анализа за него која на крајот резултира со фактот дека целите на неговите дејствувања се во согласност со целите на ЦИА. Фактот дека повеќето од неговите пари се офшор значи дека не може да се следи нивниот пат, односно тој може да пере пари за операции на УСАИД-ЦИА и кој било друг што се вклопува во неговиот бизнис-план. Јасно е дека неговите фондации не плаќаат даноци во САД така што се ослободуваат огромни суми пари за неговите политички активности. Ако ме прашате за мислење, ценам дека е лицемерно еден човек како него да промовира демократија, а да не го плаќа својот фер удел како даночен обврзник во сопствената земја.
САД не се демократија, туку милитаризирана плутократија
Зборувате за заедништвото на Сорос и ЦИА, моќта за поттикнување бунтови и раздор, сето ова го објавивте без ниту трошка страв за вашата безбедност сега? Станува збор за моќна фигура…
Во САД новинарите не се изложени на ризик како што се случува во многу други делови на светот. Најмногу поради тоа што повеќето од медиумите во САД им припаѓаат на богатите и моќните, па претставуваат алатки на неолибералната проект и затоа не се подложни на вистински ризик.
Знаете како, тука с` е чад и огледала. Слично како и со Трамп и Kлинтон: секој од нив им служи на истите интереси на „Волстрит“. САД не се демократија, тоа е милитаризирана плутократија.Според него, новинарите што го работеле истражувањето за бизнисмени и политичари што переле пари преку офшор-компании намерно ги скриле документите

Пронајдете не на следниве мрежи: