Мирен протест организиран од ГДОМ вечерва се одржа на градскиот плоштад во Неготино.Оттаму беше порачано дека недоличното и некултурно однесување кон сопственоста, може да го прави некој кој има отсуство на чувство за припадност.
– Се собравме вечерва повторно во центарот на Неготино за да го покажеме нашето несогласување пред целата јавност од сето она што и се случува на нашата Македонија. Нема да дозволиме никакво распарчување и федерализација на Македонија. Да престане уништувањето на македонските споменици, културно-историските објекти, државните институции. Да престане уништувањето на се што е демократски стекнато, затоа што друга држава немаме, беа само дел од пораките испратени до присутните на градскиот плоштад во Неготино.Оттаму беше порачано дека недоличното и некултурно однесување кон сопственоста, може да го прави некој кој има отсуство на чувство за припадност.