Ѓорчев: Граѓаните видоа што значи СДСМ-овска власт, а сега ќе видат проекти и враќање на Владата

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев на денешната собраниска седница истакна дека поради нискиот рејтинг СДСМ бега од избори и дека Заев сака да биде премиер, а му веруваат само 5 проценти од граѓаните.-Фарса е кога Зоран Заев ќе излезе и ќе каже „Ние не сакаме да учествуваме на изборите затоа што ќе победиме“. Тоа е фарса, тоа е комедија, тоа е трагикомедија. Па вие да се доближевте до 35 пратеници да освоите, целава игра е ВМРО-ДПМНЕ да падне на 55 пратеници, вие да качите на 35 и со 35 пратеници да правите Влада. Сите знаеме што е работава. Ама што ви вели народот? Народот вели „Не 60 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку 62, 65“. Тоа е резултатот. Зоран Заев со 5 проценти рејтинг не може да биде премиер. Не се станува премиер со 5 проценти рејтинг. Па вие да сте спремни до 35 пратеници да дојдете, ние на Нова година ќе имавме избори, на Велигден ќе имавме избори, рече пратеникот.
Ѓорчев истакна дека граѓаните виделе како работат министри на СДСМ со нула проекти, а сега ќе видат како ќе се работи по враќање на владата.
-Ви благодарам што овие неколку месеци го мотивиравте членството на ВМРО-ДПМНЕ. Ви благодарам што ги потсетивте  граѓаните на Македонија што значи сдсмовска власт и сдсмовски чистки. Ви благодарам што ги потсетивте луѓето каде што СДСМ има министри дека ништо не се случува во министерствата, што скоро година дена имавте министер за труд и социјална политика Ременски, а ниту една градинка не отвори. Ќе ви покажеме за 3-4 дена сега како се отвораат градинки, како се прават проекти. Тоа ќе значи враќање на владата во Македонија. А не вашиве што со прст не мрднаа ништо да не направат, рече Ѓорчев.-Фарса е кога Зоран Заев ќе излезе и ќе каже „Ние не сакаме да учествуваме на изборите затоа што ќе победиме“. Тоа е фарса, тоа е комед

Пронајдете не на следниве мрежи: