Наместо да ги боиме реализираните проекти, предлагаме да ги обоиме неисполнетите ветувања, порачаа младите од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.Во индустриската зона „Сачево“, членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од градоначалникот на Струмица Зоран Заев ги побараа најавените 300 фабрики и 3000 вработувања притоа симболично поставувајќи транспарент со нацртана фабрика кој според нив бил споменикот на сите неисполнети ветувања на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ.
-Денес младите од Струмица ги бараат трите илјади работни места што градоначалникот на Струмица и лидер на СДСМ ги вети во индустриските зони на минатите локални избори. Овој споменик кој денес симболично го поставивме на неизградената индустриска зона „Сачево“ е споменик на сите неисполнети ветувања на Зоран Заев. Реализацијата на ветувањата е таа што ја прави разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече Панче Стојков од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.
Mладите од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Струмица во времето на СДСМ била стопански опустошена и економски уништена општина, стотина стопански субјекти биле уништени, а илјадници граѓани оставени без работа. Според нив приватизацијата за некого била симболот на личното богатење, а за сите останати времето на социјалната пропаст.
Во индустриската зона „Сачево“, членовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од градоначалникот на Струмица Зоран Заев ги побараа н