Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес присуствуваше на народниот собир кој се одржа во месноста Пеленица, Драчево во организација на Советот на ветерани на партијата.Овој собир е традиционален и се одржува викендот спроти верскиот празник Св. Руса. На настанот секоја година присуствуваа голем број граѓани и посетители.
На инсистирање на присутите, Груевски имаше свое обраќање во кое се осврна на актуелните случувања.
-Нашето чекорење кон успехот ќе продолжи и како партија и како држава. Сите видоа во минатите години што ВМРО-ДПМНЕ направи за Македонија и како држеше до својот збор кога ги даваше ветувањата. Како градеше, како создаваше, како реформираше, како го подобруваше стандардот на граѓаните, како носеше нови инвеститори и отвораше нови работни места, над 150.000 нови работни места. Тоа можеби некому му пречеше затоа што се препознаваше дека тоа не беше направено од него. Затоа што и други имаа власт и други имаа поддршка и доверба од народот, но никогаш не го направија тоа. Ги паметиме тие времиња, не беа многу одамна и лесно може да се спореди. Затоа ги боли тоа што е изградено и во Скопје и низ Македонија, затоа сакаат да го уништат, затоа сакаат да го оцрнат, да го сквернават, но нема да им успее. Тоа што е создадено е создадено, тоа што е создадено е народно и народот нема да дозволи некој тоа да го уништи што е изградено од народни пари и за народно добро, истакна Груевски.
Голем број од присутните граѓани се сликаа и поздравуваа со Груевски, но и дискутираа околу актуелните случувања.Овој собир е традиционален и се одржува викендот спроти верскиот празник Св. Руса. На настанот секоја година присуствуваа голем број граѓани и посе