Од дома преку невалиден документ, Муса Џафери врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Откако владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не успеале да ги надминат недоразбирањата за препораките од анализата на Рамковниот договор и документот не е ставен на усвојување во Владата, ексвицепремиерорт Муса Џафери се окуражи и анализата ја стави на интернет-страницата на Секретаријатот за Рамковниот. Обелоденувањето на анализата завчеравечер доаѓа и како противодговор од ДУИ на потегот на ВМРО-ДПМНЕ да поднесе листи за пратеници за изборите на 5 јуни. Ова во партијата на Али Ахмети се толкува дека нема расположение за договор меѓу партиите од големата четворка за излез од политичката криза.Kако што веќе објави „Дневник“, анализата пред повеќе од еден месец ја објави Питер Фејт на веб-страницата на Европскиот институт за мир како партнер-организација што учествувала во изработката на анализата. Во Секретаријатот, тогаш предводен од Џафери, сè уште се надеваа дека анализата конечно ќе стане владин документ и нема да заврши како претходните за интерна употреба на ДУИ.
– Анализата ја подготви Владата, но бидејќи не се успеа да се надминат недоразбирањата за заклучоците, односно препораките, решивме да го обелодениме документот. Тоа е одлука на ДУИ и за ова претходно се консултирав со Муса Џафери. Објавувањето на анализата на интернет-станицата на Секретаријатот е затоа што нема договор за излез од кризата и ВМРО-ДПМНЕ реши да достави листи за пратеници – ни изјави вчера Ејуп Алими, државен секретар во Секретаријатот.
Тој не коментира дека потегот токму сега да ја објават анализата е за кревање на рејтингот на ДУИ. Алими само вели дека легитимно право на партиите е политичкото позиционирање.
„Дневник“ веќе објави дека некои од препораките од анализата се: да се врати преамбулата на Уставот на првично предвиденото со Рамковниот договор, каде што се нагласува граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните во Македонија; да се донесе нов закон со кој албанскиот ќе биде официјален јазик во целата држава; централниот и буџетите на општините да се носат со Бадинтерово мнозинство, а Секретаријатот за Рамковниот да се трансформира во министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Во долгорочна перспектива да се направи основно познавањето втор јазик, кој се зборува во Македонија, задолжителен за раководните позиции, како и за позициите со чести непосредни контакти со граѓаните. За сите прашања каде што се применува Бадентер на централно ниво да се применува и на локално ниво, вклучително и образованието….
Алими е убеден дека кога тогаш дека анализата ќе стане и владин документ.
– Документот е дел од договорот од Пржино, од препораките на Прибе и тој е патоказ во која насока треба да се спроведува Рамковниот договор. Ќе дојде време кога анализата ќе стане владин документ – вели Алими.
Од Владата не успеавме да добиеме став. Неодамна од ВМРО-ДПМНЕ оспорија дека Владата е нарачател на анализата. Според ВМРО-ДПМНЕ, Секретаријатот ја нарачал анализата на Рамковниот, но не се консултирал со Владата ниту за парите за анализата, која чини 200.000 евра, ниту за Питер Фејт од Европскиот институт за мир. Тогаш од партијата на Никола Груевски рекоа дека нема шанси препораките од анализата да поминат на ниедно партиско тело, а камоли на Влада.
Наместо со фанфари, анализата нечујно и ноќе објавена на интернет-страницата
Џафери иако нарачател не успеа анализата да ја официјализира како владин документ. Оттука и последната анализа интегративците може да ја користат само за интерна употреба и политички маркетинг. Обелоденувањето на документот по налог на Џафери е само потврда дека тој, наместо новиот вицепремиер Фестим Халили, ги влече конците во Секретаријатот. Иако Џафери за презентација на анализата најавуваше голема меѓународна конференција, документот нечујно ноќе е објавен на интернет-страницата на Секретаријатот.
Извор: ДневникKако што веќе објави „Дневник“, анализата пред повеќе од еден месец ја објави Питер Фејт на веб-страницата на Европскиот институт за ми

Пронајдете не на следниве мрежи: