Додека ботовите киснат по улици на молеро-фарбарска револуција, Српче тера кафанска-револуција

Не престанува скандалозното однесување на Саша Богдановиќ, првиот човек на Паркинзи Центар и на Општинската Организација на СДСМ.Расипништво на СДСМ Центар продолжува и зема се поголем замав. Се трошат пари од граѓаните за огромни сметки по кафани, а освен тоа што Саша Богдановиќ од СДСМ е најскапо платениот директор во државата, очигледно ЈП Паркинзи на општина Центар со кој раководи Богдановиќ е бунар без дно и претпријатие целосно ставено во функција на личните удобства и богатење на кадрите од СДСМ.
До редакцијата на Журнал пристигна уште една фотографија со која се потврдува скандалозното и типично расипничко однесување на Саша Богдановиќ – Српче.
Фото: Се руши режимот од кафана – се пие алкохол во големи количини, музики на увце, скара се врти, се координира преку мобилен…и сметката ја плаќаат граѓанитре на Општина Центар
За ваквото, во најмала рака, недолично однесување на локалниот лидер на СДСМ говрат и многу претходни настани, како што е и фактурата од кафаната „Три Аса“ (чиј сопственик важи за близок човек на СДСМ) до која што дојде Журнал.нет, а од која се гледа како од Паркинзи Центар се бара наплата за угостителски услуги од неверојатни 23.736 денари. Толкава била сметката направена од Пакринзи Центар за угостителски услуги и толку удобствата на раководните лица на Паркинзи Центар ги чинеле граѓаните на Центар.
Додека ПОЦ се жали за ниските приходи, нивните главни луѓе добиваат месечни примања од по 2000 евра, колку што Директорот Саша Богдановиќ попознат како Српче, добил во месец јули по основа на плати и додатоци.Како и 1.500 евра кои ги земал заменик директорот кови воедно е и одговорен за финансиското работење на ПОЦ, Вангел Андревски.
Директорите на ПОЦ освен тоа што земаат илјадници евра за плати прават и сметки од по десетици илјади денари по кафеани и за угостителски услуги.
Дека раскалашеноста и недомаќинското работење е стил на работа на Општина Центар покажува и претходниот скандал кога Дејан Тодоровски викан Гзе, поранешен советник на СДСМ, а сега вдомен во Општината како инспектор, со еден потпис трошел илјадници денари општински пари за алкохол, пијалоци, месо и скари во рестораните во Дебар Маало.
Од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар кои што првично го отворија скандалот со високите примања на раководните луѓе во ПОЦ на ова гледаат како уште еден скандал од многуте кои одат директно на штета на граѓаните на Центар.
Ова расипништво во Центар се случува во исто време кога се исплаќаат вртоглави суми за плати само за неколкумина во Паркинзи Центар и кога се трошат илјадници денари за сметки по кафани.
Исто така, како што веќе информиравме и претходно, до Журнал.нет дојдоа уште многу документи кои говори дека Паркинзи Центар плаќале и зелени картони за приватни возила, за тоа говори фактурата платена од ПОЦ во износ од 5.536 денари за возило со скопски регистарски таблички кое не е во државна ниту било каква институционална сопственост туку е регистрирано на приватно лице, извесен Дехран Салихи од Шуто Оризари.
Ова е скандалазно особено ако се знае дека со пари на граѓаните се финансира патување на приватни лица. Непознато е дали ова е единствено вакво финансирање и зошто Богдановиќ финансира приватни патувања во странство и тоа во период кој се поклопува со годишните одмори односно месец јули кога е екот на летната сезона.
Богдановиќ познат како Српче, неодамна, во изјава за медиумите, ја призна праксата на плакање на угостителски услуги со народни пари.
Од СДСМ има молк за ваквите скандали во кој е вмешан Богдановиќ, кој дознаваме дека на последните неколку седници на Советот на Општина Центар бил прилично нервозен, токму од фактот што јавноста дозна за неговите скандали и типично расипничко однесување.

 Расипништво на СДСМ Центар продолжува и зема се поголем замав. Се трошат пари од граѓаните за огромни сметки по кафани, а освен тоа што Саша Богдан

Пронајдете не на следниве мрежи: