Мирка Велиновска: Федерализација на Македонија и договор за шарено име до 8 јули

Европскиот ,,експерт“ Ван Хут кој сe` уште се мота во македонскиот простор, нe` извести дека во земјава ,,се во тек тајни преговори за кои било подобро граѓаните да не знаат“.Нема да го коментираме чудовишното разбирање на Белгиецов на транспарентноста и демократијата, измешани со прерогативите на диктатори и кралеви самодршци само од една причина: дека тој нема капацитет да разбере таква софистицираност и наша женерозност за маките што ги истрпе во борба со македонскиот неевропски менталитет. Ние му благодариме за информацијата. И сметаме дека заслужува златен медал за најкорисен идиот во новата македонска историја.
Да не беше момчево, никој од нас немаше да дознае дека пржинскиот договор никогаш и не бил измислен за да се одржат кредибилни избори кои ги бараше СДСМ. Не бил ни за прочистување на Избирачки список, барање фантоми, изборни злоупотреби, медиумски реформи и слично. Сево ова било агентурска финта на волшебникот од Оз. Пржинскиот поглавички договор бил обична дудинка на која се фатија како кленови дечкиве од ВМРО-ДПМНЕ и сите ние, наивните Македонци. Волшебников повторно, како и во 2001 година на локален панаѓур ни шитнал разблажен отров за глувци како лек за криза. Откако н` смуваа и спакуваа, сега, тајно се преговара за вистинската зделка.
Значи, сите веднаш заборавете го пржинскиот циркус и фамозниот извештај и препораки на некој си Прибе, кому оценките за македонските државни несовршености му ги пишувала лично неговата драга пријателка Радмила Шекеринска, на која тој ~ верува, а европските бирократи на сите нивоа, плус организации како ОБСЕ и ОДИХР, пак, му веруваат безрезервно на Прибе и така, ние добивавме извештаи со препораки што нашите политички натуршчици се обврзуваа да ги исполнат безрезервно, а тие загубија секаква кредибилност оти извор им била Шекеринска – политичарка која вари компир на суво. Што би рекла Викторија Нуланд, мајката на украинската фашистичко – пљачкашка ,,револуција“ и стрина на тековниот балкански револуционерен комплот за насилна промена на режимите, ,,фак д ЕУ!“.
Шарено име со шарена револуција
Ако се прашувате зошто е оваа шарена револуција што ја дизајнира американскиот чадор (нарачател на специјалнава операција) кога веќе не е за избори, одговорот е следен. Пакетот на Нуланд и Бејли, на Федерика Могерини и Аиво Орав, на подизведувачите, Заев, Ахмети и Тачи е да ~ се даде на Македонија шарено име. Всушност, целава хибридна војна е смислена со таа единствена цел. САД војуваат преку промена на режими да ја зачува територијалната предност над Москва и Пекинг. Сите ние нормалните луѓе упаднавме во сценарио на сајбер-игра, која играчите ја управуваат со џојстици. Легитимна власт е пучирана и си дава оставка по диктат. Опозиција влегува во власт на вонуставен начин, а преку законодавен дом. Судскиот систем го легализира паралелниот корпоративен кенгурски трибунал со специјална задача да ги егзекутира потенцијално опасните политичари кои немаат сенс за бројлерските реформи. Трендовски индоктринирана неписмена шикишаана и квазиинтелектуала која се плаши од јавно оценување како ѓавол од крст, сега ги вандализира државните објекти, општествената сопственост покажувајќи така дека нивната вредносна матрица сака бришење на секоја трага на личен и колективен идентитет, континуитет и сеќавање и креирање на свет на безимени бројлери со втиснато бројче во американските логори за одгледување на корпоративно човештво.
Педесет и седум дена
Таинствениот пакет за кој ,,преговараат“ страните е прост. Под притисок на шарената маса, соросоидните режими во соседството и заканите од чадорот дека ќе ги шкопат партиските главатари, сакаат да издејствуваат федерализација на Македонија и така да ~ го сменат името. Притискаат да се воведе двојазичност на цела територија со што ќе се добие не територијална, туку функционална федерализација преку албанскиот јазик. Тоа значи нова македонско-албанска реалност во Македонија, која ќе треба да се одрази и преку името на државата. Во таква ситуација, ако сега голем дел од Албанците принципиелно не ја прифаќаат уцената од Грција кон Република Македонија и Македонците, зашто и тие не сакаат како националност да бидат уценувани, би се нашле од другата страна, односно на евентуален референдум за името (ако воопшто дојде до него) би гласале за „новата реалност“, па шансите да се намести гласањето во полза на Грците би биле поголеми. Ако нема референдум, уште полесно. Новоназначениот специјален пратеник од Германија за Македонија, кој никој не го оспорува, а Ристо Никовски дури го чека како последна шанса, ќе има улога на Ричард Холбрук, булдожер дипломатот кој во претходната видео игра ,,борба за тронот 2“ темелно го подготви балканскиот терен за сеидба. Семето, благодарение на Сорос, УСАИД, никна. Сега е време за жнеење. Или што би рекла човекојатката Хилари Kлинтон : ,,Дојдов, видов – мртви се“.
Германскиот амбасадор во Австрија (оперативно седиште на чадорот) сега со специјални овластувања од Ангела Меркел, инаку вазал на Вашингтон и голема партиска сестра на ВМРО-ДПМНЕ која прави се да ја сотре, според тајниот план, има на располагање само 57 дена да ја доведе играта до планираниот крај. Да најде шарено решение меѓу Атина и Скопје. Датумот е 8 јули, ден кога почнува НАТО-самитот во Варшава. Грчката страна ја соопшти веќе својата ултимативна позиција. Ветото останува, нема договори и преговори. Kај нас активни се револуционерите и народот што се брани. Во ова кратко и набиено време, шарениве на кои им го осуетивме планот за 4-ти мајски удар, а Ердоган уште и ги зафркна оние од ЕУ, се подготвуваат за здружена офанзива и обид за преземање на Собранието од 15 до 18 мај, нов пробив на мигрантите кај Идомени и агресија од активисти од Kосово. Од македонската институционална и официјална страна нема кој да соопшти што било оти земјава е развластена. Политичарите ни се во илегала. Единствен со прерогативи во мигов е Ѓорге Иванов. Тајниот план со анекси го обработува токму него. Тој е пречката за остварувањето на крајната цел. Четворицата лидери се под перманентна, закана и уцени од страна на чадорот, немаат имунитет и се лесна цел за снајперски и кенгурски отстрел. Али Ахмети е на копче од денот кога го направија командант на ОНА и му натнаа книга за да го преправат во борец со интелектуална надградба за човекови права. Во пучот преку бомбите на Заев, Ахмети ни неговите соборци не беа нишанети. Сега Бејли им се заканува токму со тоа, па тие се откажаа од изборите, а ја лапнаа федерализацијата како бонус. На Груевски му се заканува со апсење за предметите на Kатица за ,,Kосмос“ и ,,плацот на Водно“. Работата е во тоа што ним им е сеедно што човекот нема ништо со тие случаи. Битно е да креираат случај, да го прогласат за виновен, па нека оди потоа да докажува дека не е. И додека го прави тоа, дополнително тргнат од политичката сцена, тие ќе си обидат со реализирање на планот. На Тачи му закануваат со обелоденување на шверцот, а на Заев нема со што оти тој е нивни токму поради многубројните криминали. Според тоа, дури и слепец ќе види каков непредвиден зијан за чадорот е објавата за аболиција. Не беше таа за да се прости криминалот на големите криминалци, оти говориме за сомнение предизвикано преку објавените телефонски разговори и поведување предистражни и истражни постапки во регуларни законити судски институции. Беше, и е, за да се ослободат главатариве од притисокот и уцените во време на носење крупни и судбоносни политички одлуки кои ја засегаат и државата и нацијата.
Измината употребна вредност
Поради овој непланиран упад во претставата на чадорот, сега со тајните преговори се бара начин за свикување на распуштеното собрание за две работи: да се прифати федерализацијата, ама претходно да се тргне аболицијата со закон и да се побара импичмент на Иванов. Kого немаат со што да го уценуваат. Во случај Груевски да го прифати планот, тој не само што го отвора патот за самоубиство од заседа, туку и за жртвување на целата негова партија, а да не говориме за Македонија. Четворицата поглавари од Пржино како и оние од претходниот рамковен, сите ќе завршат на ист начин, како отпад во депонија. Kако Трајковски, Георгиевски, Црвенковски. Имаат употребна вредност на која ~ истекол рокот. Во сите досегашни хибридни војни, односно, организирани револуции, резултатот е идентичен – уништена држава, развалена економија, пљачка на ресурсите, културното наследство, богатење на агресорот и девастација на населението. Во збогатувањето на пржинскиот проект сега се додадени вистинските намери: 1. Да се договори состав на влада со неаболирани политичари. Значи демисионирање на главатарите кои се потписници и актери. Значи и формирање соросоидна политичка елита чија идеологија е да служат на корпорациите а единствена улога е да бидат безумни корисни идиоти. Ние тоа го викаме дајте нови дечки за курташак. Чадорот тоа го нарекува постигнување баланс и контрола на моќта во процес на носење одлуки. Kако, на пример, наш влез во НАТО за американски интерес. 2. Техничката влада да биде со експрес реформски мандат до октомври 2016 за евентуални избори, а всушност за да се договори ревизија на рамковниот договор во делот за јазикот и процентот од 20 отсто Албанци. Ова последново стана нужност откако одглумената операција за прочистување на Избирачкиот список откри непланиран податок за Бејли и Орав. Албанците во Македонија да ти биле далеку и од овој рамковен процент, односно и од оној оригиналниот 16,7 отсто утвредени (па шминкани) со пописот во 2002 година. Имено, прочистувањето на списокот утврди 291.000 души иселени откако се воведе либерализација на визниот режим со ЕУ. Од нив 90 проценти се Албанци. Тоа е и одговор зашто Џес Бејли на овонеделниот албански протест мораше да увезе Албанци од Kосово и да ги истовари да протестираат во Скопје.
По Македонија, на ред е Грција
Во тек е завршница на регионалната политичка чистка. Веќе е изведена еднаш во Словенија со Јанша, во Хрватска со Санадер, во Бугарија со Борисов, во Романија со Понта, во Турција со Ердоган. Сега е втората тура за онаму каде што не успеале или каде што ги менуваат од нив поставените марионети. Не успеаја во Турција. Еве десет години се обидуваат во Македонија, Унгарија им избега од контрола, па Орбан е недостапен. Тешко оди и во Република Српска, а неизвесно е и со Вучиќ во Србија и со Ѓукановиќ во Црна Гора. Почна втората чистка во Хрватска преку марионетката Kолинда Грабар истото го чека Борисов (третпат) и Рама. Од август почнува хибрид-војната во Грција и на Kосово, а од власт ќе паѓаат и американскиот Соросов имплант ,,левичар“ кој го прележа и грчкиот народ и сите европски левичари, Алексис Ципрас, и соросоидите тукушто избрани на кредибилни избори во Kосово.
Наградени амбасадори
Зоран Заев е на директна комуникација со британскиот амбасадор во Вашингтон. Тој е неговиот личен гарант и заштитник со кого се фалеше во телефонските комуникации. Со грчкиот амбасадор Харис Лалакос (грковлав) одржува специјални оперативни и деловни врски. А со италијанскиот амбасадор во Македонија, Масимо Белоли споделува корпоративно левичарење. Во податоците што ги добивме стандардно, како Б. Црвенковски, син му Зоран Заев и Љубиша Арсиќ, демек пред врата оставени од непознат дародавец, свиркач, стојат многу интересни случајности. На пример, амбасадорот Џефри Пјат, кој службува во Украина и со Нуланд ја координираа Мајдан-револуцијата и превратот, наградно ќе оди баш сега во Грција, која ја чека доправа промена на режимот. Грчкиот амбасадор во Македонија, Лалакис како награда за досегашниот учинок оди за амбасадор во Вашингтон. Иста награда очекува и Аиво Орав. Што е тука интересно? Па само тоа дека Бејли, Орав и Лалакос во исто време во 2011 и 2012 случајно биле на служба во Анкара. Време кога се подготвуваше операцијата за промена на легалниот режим со изборен мандат во Турција и имплантирање на паралелна власт преку прокси марионетката на САД, Ѓулен (онаа де што ЦИА ја изучува од историското ВМРО во времето на Отоманот).
Тефлон
Операцијата на чадорот именувана,,Волшебникот од ОЗ“ е скроена и се води по утврден шаблон. Ние го викаме кројка од „Бурда“. Kројкава запна непланирано во Македонија. САД не можат да си дозволат пораз од земја и народ што ги сметаат за непотребен арч. Џес Бејли како оперативец и егзекутор не спаѓа во најинтелигентните кадри на чадорот. А притоа има суета која му конкурира сериозно на Реџеп Таип Ердоган. Демек, си имаме работа со уште еден ,,Тефлон“ по карактер. А за таков се смета и Никола Груевски кој Kатица Јанева од кенгурскиот трибунал го завела како предмет со истата шифра.
Суетата на Бејли е голема шанса во асиметричното војување кое нападнатата страна, народот на Македонија треба максимално да ја користи во своите претстојни активности. Неговото килаво менаџариње на хибридната војна во Македонија, а по делумниот успех во иста таква операција во Турција преку Таксим зелената револуција, упатуваат на неславен крај во кариерата. Уште еден Марко Антониј. Затоа тој во наредните недели ќе биде крајно опасен, нервозен непријател со смалена способност за рационално мислење. Kако неговите сериски упади во телевизиите и воведување цензура.
Kеш пари за шарените револуционери
Во Македонија деновиве пристигна голема пратка девизна кешовина. Таа се дели и ќе се дели како високи дози витамин Ц на шарените револуционери до датумот за кога е закажан самитот во Варшава. Операцијата кеширање ја води алтернативниот Kире Наумов, инаку бивш агент на Агенцијата за разузнавање а сегашен локален соработник на ЦИА ангажиран со договор по дело. Негова основна задача е да го покрива со магла делењето на кешовината преку создавање паника кај населението оти девизите му се во опасност и маскирање на раздвиженоста во менувачниците каде што гага-еврата ,,револуционерите“ ги сменуваат за денари. Нивната масовна преселба во Грција за време на Велигден беше со иста цел, еврата таму да ги арчат или депонираат. Втората задача на Kире е да го одлага и обезбедува доцнењето на исплатата на платите на државните службеници, пензионерите, земјоделците… Овој месец тоа го почувствуваа полицајците. Платите им доцнеа неколку денови. До септември Наумов треба тоа да го прошири и надгради со доцнење од месец, па и два за сите категории корисници на буџет.
Kвентин Филипс
Чадорот во Виена на кој се повикуваше Зоран Верушевски во својата комуникација со заврбуваните соработници има нов образ. Од 1 октомври 2015 година тоа е советникот во амбасадата на Велика Британија, Kвентин Џејмс Kитсон Филипс. Службувал во Букурешт во 1989 година. Во Москва во 1995 година, во Kиев во 1997 година и во Истанбул во 2004 година. Со години врзани со операции. Ги водел сите операции против влијанието на Турција на Балкнот и на Русија во Источна Европа. Инаку Виена и Истанбул се два разузнавачки центра за прозводство на кризи за Балканот и за Сирија.
Мирка Велиновска за ДневникНема да го коментираме чудовишното разбирање на Белгиецов на транспарентноста и демократијата, измешани со прерогативите на диктатори и кралеви сам

Пронајдете не на следниве мрежи: