ЧАДОРОТ заедно со Шеќеринска, Тачи и Ахмети фатени на тајна средба во резиденцијата на Орав!

Предмалку во резиденцијата на Орав на тајна средба пристигнаа амбасадорот на САД Џес Бејли, Шеќеринска како и лидерите на двете најголеми албански партии Али Ахмети и Мендух Тачи, пренесува Инфомакс.Шеќеринска, Тачи и Ахмети биле свикани од страна на Бејли на тајна средба во резиденцијата на Орав во Пржино од каде засега немаме информации за што се дискутира, но она што со сигурност можеме да го кажеме е дека, секоја понатамошна изјава која ќе дојде од еден од овие „лидери“ ќе биде ставот на „чадорот“.
Како што информиравме и вчера, ваквите тајни средби се одржувале почесто, а дрскоста отишла дотаму што Бејли пристигнувал во резиденцијата на Орав во партиското возило на СДСМ заедно со Шеќеринска, додека албанските лидери биле довезувани со автомобили на италијански таблици во прехтодните средби.
Вакво однесување на амбасадор на САД е преседан во Македонија, но на пример е видено сценарио во Србија и Украина, каде што Амбасадорот на САД се служеше со партиските средства на опозицијата, а и спротивно на сите дипломатски норми, американскиот амбасадор во Србија дури и на денот на избори беше гостин во штабот на опозициската ДС, каде што координирал упад во српскиот ДИК.
Пред три дена во саботата, ваква средба се одржала во резиденцијата, каде што први пристигнале Тачи и Ахмети, а се задржале до 13.00 часот по што пристигнале Шеќеринска и Бејли. Која е причината за ваквото криење од очите на јавноста засега останува непознато.
Фото: InfomaxШеќеринска, Тачи и Ахмети биле свикани од страна на Бејли на тајна средба во резиденцијата на Орав во Пржино од каде засега немаме информации за шт

Пронајдете не на следниве мрежи: