Ременски го кочи доделувањето на социјалните станови во Прилеп: Добитниците на протест

Денеска во Прилеп  повторно се одржа протест на граѓани кои добиле социјални станови, но сеуште не можат да се вселат во нив и да добијат сопствен дом.  Иако пред неколку месеци со електронска аукција беше извршена прелиминарна распределба на седумдесет и шест социјални станови во Прилеп, техничкта министерка за труд и социјална работа, Фросина Ременски, се уште го кочи доделувањето.Граѓаните нервозни и разочарани од ситуацијата, прашуваат каде е проблемот и немаат одговор зошто, иако се добитници на становите не им се дозволи да се вселат во нив. Реакции се јавија уште на почетокот од минатиот месец и досега ситуацијата останува иста.
Според извори од Министрството за труд и социјална работа, Нетпрес претходно објави дека прилепчани не можат да ги добијат социјалните станови заради блокадите на  Ременски. Имено, Ременски директно преку членови на Комисијата за распределба на социјални станови, лобирала ваков стан да добие лице од Прилеп кое било блиско до претставници на СДСМ, во спротивно немало да биде потпишана конечната листа, а со тоа практично се кочи  распределбата за сите 76 социјални станови во Прилеп, бидејќи лицето за кое Ременски категорчно бара да добие социјaлен стан не ги исполнува условите.
-Јас сум самохрна мајка, под кирија со две малолетни деца. Дали таа госпоѓа Ременски знае како е животот да ти зависи од нечиј потпис. Помина комисијата, виде како е и што е проблемот?- револтирано прашува Андријана Јовевска, добитничка на социјален стан во Прилеп.
-Живеам со постојна парична помош,  под кирија сум и самохрана мајка сум. Поминаа пет месеци, знаеме дека сме добитници но клучевите уште не ги добиваме. Што е работата? Не се излегува накрај. Прашуваме, ни велат кочат од Скопје, не знаеме што е, коментира друг засегнат граѓанин.
Со сличен став се другите незадоволни граѓани кои денеска протестираа пред се уште ненаселената социјална зграда во Прилеп. Најголем дел од нив живеат под кирија, не се вработени или се самохрани родители.Граѓаните нервозни и разочарани од ситуацијата, прашуваат каде е проблемот и немаат одговор зошто, иако се добитници на становите не им се дозволи

Пронајдете не на следниве мрежи: