Кога странците ќе му кажат на Заев дека не е добредојден, демонстранти ќе го свиркаат

Мојата позиција за тоа што ќе се случи на изборите е дека странците немаат проблем ВМРО-ДПМНЕ да победи на изборите. Анкетите тоа им го покажуваат, а странците се соочени со реалноста дека ако во наредните 12 месеци се направат избори во Република Македонија, на тие избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ.Ова го истакна новинарот Васко Ефтов во своето гостување во Радио Слободна Македонија.
-Во оној момент кога странците ќе сакаат да му покажат на Зоран Заев дека веќе не е добредојден на македонската политичка сцена, пола од луѓето кои протестираат ќе почнат да го свиркаат Зоран Заев, бидејќи Зоран Заев барем на половина од нив нема никаква контрола. Тоа се луѓе кои изминатите 5-6 години, како што имало протести се печеле, калеле преку тие протести. Тоа почнало од Мартин Нешковски некаде 2011 година, тие се под контрола или на овие соросови грантови или на грантови на одредени невладини организации кои се под контрола на меѓународната заедница, вели Ефтов.
Тој потсетува дека имаше еден обид за исвиркување на Зоран Заев некаде пред две недели.
-Вториот обид за дисциплинирање на Зоран Заев, иако ние тоа го третиравме како обид за спасување на Зоран Заев, беше неговите два случаи да се префрлат од обичното јавно обвинителство во рамките на специјалното јавно обвинителство. И ден денес тврдам дека додека се случаите на Зоран Заев во обичното јавно обвинителство,  тој многу полесно ќе се испазари со Никола Груевски отколку што ќе се испазари со американскиот амбасадор. Обидот да се земат случаите на Зоран Заев и да се префрлат кај Катица Јанева покажуваше дека Зоран Заев треба да биде под целосна контрола на меѓународната заедница, заклучи Ефтов.
Дел од неговото гостување погледнете во продолжениеОва го истакна новинарот Васко Ефтов во своето гостување во Радио Слободна Македонија.
-Во оној момент кога странците ќе сакаат да му покаж

Пронајдете не на следниве мрежи: