Народот во одбрана на државата: НЕ за деструктивни сценарија, ДА за избори

Во организација на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва се одржаа мирни собири во Штип, Велес и Ресен во знак на поддршка за одржување на предвремените парламентарни избори распишани за 5 јуни годинива.Од ГДОМ го повторија барањето за повлекување на одлуката за аболиција од претседателот Ѓорге Иванов и порачаа дека изборите се единствен излез од политичката криза во државата.
На собирот во Штип под мотото „За Македонија се работи“ поддржувачите на ГДОМ порачаа дека се против деструктивни сценарија и оти само со избори ќе биде ставен, како што истакнаа, конечен крај на деструкциите на СДСМ и кризата во која опозицијата ја втурна Македонија.

И на собирите на ГДОМ во Велес и во Ресен, беше порачано дека на 5 јуни мора да има избори, со кои, според нив, ќе се одбрани Македонија.
-Собраните граѓани на мирен и достоинствен начин го изразија својот револт против анархистичките дивеења на протагонистите на соросоидните структури, чија единствена цел е уривање на уставниот и правниот поредок на државата, а сето тоа изразено преку насилнички дивеења и нагрдување на се што е изградено во Македонија, изјави градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.
Археологот Елица Николова од Велес го осуди сквернавењето на спомениците на културата.
-Ние сме принудени на ваков начин да ја искажеме нашата желба да се излезе конечно на избори и да се оствари нашето неприкосновено право, народот да го каже својот став кому ќе му ја даде довербата, рече Николова.Од ГДОМ го повторија барањето за повлекување на одлуката за аболиција од претседателот Ѓорге Иванов и порачаа дека изборите се единствен излез од п

Пронајдете не на следниве мрежи: