Иванов ќе одликува неколку припадници на безбедносните сили на МВР

Претседателот Ѓорге Иванов денеска со „Орден за воени заслуги“ ќе ги одликува Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при Министерството за внатрешни работи, а со „Медал за храброст“ посмртно ќе ги одликува и осумтемина припадници на безбедносните сили на МВР кои на 9 мај 2015 година загинаа при антитерористичката операција во Куманово.– Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при МВР се одликуваат со „Орден за воени заслуги“ за особени заслуги и за исклучителен придонес за зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурноста на македонските граѓани, соопшти Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.
Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ посмртно се одликуваат со „Медал за храброст“ за покажаната исклучителна храброст и самопрегор во одбрана на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, загинати како припадници на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи.– Единицата за специјални задачи и Единицата за брзо распоредување при МВР се одликуваат со „Орден за воени заслуги“ за особени з

Пронајдете не на следниве мрежи: